ЧЕТИРИЕСЕТ И ПЕТТИ НАСЛОВ
На смирениот му приличи самиот да се прекорува, да се понижува самиот себе и да ги смета за ништовни сите добри дела што ги прави, без разлика какви се и колку се. Кои се особините на смирението и кои се неговите плодови
ОД СТАРЕЧНИКОТ
1. АВА Антониј рекол: „Ги видов сите замки на ѓаволот распрострени по целата земја, па воздивнав и реков: 'Кој може да ги избегне?' И слушнав глас, кој ми рече: 'Смирението'."
2. ТОЈ му рекол на ава Пимен: „Дело на човекот е да го земе на себе својот грев пред Бога и да очекува искушенија до последниот здив."
3. ЕДНАШ демоните го нападнале ава Арсениј во неговата ќелија и го мачеле. Кога дошле и застанале пред неговата ќелија, неговите ученици го слушнале како вика кон Бога, говорејќи: „Боже мој, не оставај ме. Никакво добро не направив пред Тебе. Сепак, по Твојата добрина, дај ми да направам добар почеток."
4. ЕДЕН братотишол кај ава Амон и му рекол: „Аво, кажи ми поучно слово." И живеејќи седум дена покрај старецот, тој ништо не слушнал од него. Бидејќи се подготвил да замине, старецот го поздравил, говорејќи: „Одамна моите гревови постанаа темен ѕид помеѓу мене и Бога."
5. АВА Данило раскажа како во Вавилон живеела ќерка на некој благородник, која била опседната оддемонот. Нејзиниоттатко бил пријател со некој монах и го замолил да и помогне на неговата ќерка. Тој му рекол: „Твојата ќерка можат да ја излечат само отшелниците (пустиниците) што ги познавам. Меѓутоа, доколку ги замолиме, тие нема да прифатат, поради смирение. Подобро да го направиме следново: кога ќе дојдат на пазар за да ги продадат своите ракотворби, направете се дека сакате да ги купите и повикајте ги во куќата за да ги земат парите. Кога ќе влезат, замолете ги да се помолат. И верувам дека ќе се исцели твојата ќерка."
Кога отишле на пазар, тие нашле ученик на некој старец, кој седел и ги продавал ракотворбите. И го зеле, заедно со своите корпи, во куќата на благородникот за да му биде платено. Штом влегол монахот во куќата, го сретнала опседнатата девојка и муудрила една шлаканица. Тој веднаш го свртил и другиот образ, според Господовата заповед. Почнувајќи да се мачи, демонот извикал: „Леле, каков притисок. Заповедта Исусова ме изгони." И веднаш излегол од жената, која оздравела и станала здравоумна. Тој настан му го соопштиле на отците, кои го прославиле Бога, говорејќи:„Гордоста на ѓаволотнајмногуја победува смирението кое се крие во Христовите заповеди."
6. АВА Карион рекол: „Вложив многу повеќе труд од мојот син Захарија, но не ја стигнав неговата мерка, која ја постигна со своето смирение и молчење."
7. ЕДНАШ, додека ава Захарија престојувал во Скитот, имал видение. Тој отишол и му соопштил на својот старец Карион што се случило.
Иако имал големо искуство, старецот не го познавал реченото. Затоа го истепал, говорејќи дека настанот е од демонот. Меѓутоа, бидејќи видението и понатаму продолжило да му се појавува, ава Захарија ста-нал ноќе, отишол кај ава Пимен и му кажал за тоа, додавајќи дека гори во себе. Познавајќи дека работата е од Бога, старецот му рекол: „Оди кај тој старец и направи го она што ќе ти рече." И отишол кај старецот, кој му кажал се уште пред да го праша. Старецот додал: „Видението е од Бога. Сепак, оди и потчинувај му се на својот отец."
8. ЕДНАШ ава Мојсеј му рекол на Захарија: „Кажи ми, што да правам?" Кога го слушнал, тој му паднал пред нозете, говорејќи: „Зарем ти мене ме прашуваш, оче?" А старецот му рекол: „Верувај ми, чедо Захарија, видов како слегува Светиот Дух на тебе, што и ме натера да те прашам." Захарија ја зел својата камилавка од главата, ја фрлил пред нозете и ја згазил, говорејќи: „Доколку човек не се смачка (згмечи)вака, не може да биде монах."
9. АВА Пимен кажуваше дека ава Мојсеј го прашал ава Захарија, пред да умре: „Што гледаш?" Тој одговорил: „Зарем не е подобро молчењето, оче?" Старецот рекол: „Да, чедо, молчи." Во часот на неговата смрт, ава Исидор, кој седел не многу далеку, го подигнал погледот кон небото и рекол: „Радувај се, чедо мое Захарија, зашто ти се отворија вратите на царството небесно."
10. АВА Евагриј рекол: „Почеток на спасението за човекот е самоосудувањето."
11. ЕДНАШ ава Теодор се нашол со браќата. Додека јаделе, тие ги земале чашите молчејќи, без да говорат: „Прости."Тогаш ава Теодор рекол: „Монасите ја изгубија својата благородностзашто не говорат: 'Прости'."
12. ЕДЕН брат го прашал него, говорејќи: „Сакам да ги исполнувам заповедите." Старецот му возвратил: „Еднаш, ава Тома ми рече: 'Сакам своите помисли целосно да ги исполнам со Бога'. И отишол до фурната, каде што месел леб. Поминале некои сиромаси кај него и тој им дал леб. И други му барале и им ги дал корпите и облеката што ја носел. И се вратил во ќелијата носејќи го само покривачот. Но сепак, се прекорувал себеси, говорејќи: „Не ја исполнив целосно Божјата заповед."
13. ЕДЕН брат му рекол на ава Теодор: „Кажи ми поучно слово зашто погинав." Тој, со тешкотија му одговорил: „Што да ти кажам кога и самиот сум во опасност."
14. БЛАЖЕНИ Теофил, архиепископ, еднаш отишол на Нитријската гора. И дошле да го сретне отецот на гората. Архиепископот го прашал: Што исклучително најде на овој пат, оче?"А старецот му одговорил: „Да се сметам за виновен и непрестајно да се прекорувам." Архиепископот рекол: „Навистина, нема друг пат."
15. ЕДНАШ архиепископот дошол во Скитот. Се собрале браќата и му рекла на ава Пимен: „Кажи слово кое ќе му биде од корист на архиепископот." Старецот им рекол: „Ако не му е од корист моето молчење, нема да има корист ниту од моите зборови."
16. ТЕОДОРА говорела: „Не спасува ни подвигот, ни страдањето, ни различните напори, туку само вистинското смирение. Имаше еден пустиник кој истеруваше демони. Еднаш ги прашал: 'Што ве истерува? Постот'. Тие му рекле: 'Ние ниту јадеме, ниту пиеме'. 'Бдеењето'. Тие рекле: 'Ние воопшто не спиеме'. 'Отшелништвото (живеењето сам во пустината)'. Тие возвратиле: 'Ние живееме во пустините'. Старецот бил упорен со прашањата: 'Што ве изгонува?' Тие најпосле признале, велејќи: 'Нас единствено не победува смирението'."
17. АВА Јован Колов рекол дека смиреноумието и стравот Божји се над сите добродетели.
18. ТОЈ повторно рекол: „Кој го продал Јосифа?" Еден брат одговорил: „Неговите браќа." Старецот им рекол: „Не. Го продало неговото смирение. Зашто, тој можел да каже дека е нивни брат и можел да се спротивстави кога го продавале. Не прозборувајќи, тој, со смирението, се продал самиот себеси. И смирението го направило да биде старешина на Египет."
19. И повторно рекол: „Оставивме лесно бреме, т.е. самоосудувањето, и подигнавме тешко, т.е. самооправдувањето."
20. Во врска со него некој од отците рекол: „Ава Јован со своето смирение целиот Скит го обеси за малиот прст (т.е. ги надминал сите)."
21. АВА Јован Тивејски рекол: „Монахот, пред се, треба да стекне смирение. Тоа е првата заповед на Спасителот, Кој вели: Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно."' (Мт. 5,3)
22. АВА Пимен говореше дека ава Исидор секоја вечер плетел торба од палмини гранки. Браќата го молеле, говорејќи: „Одмори се малку, бидејќи си стар." Тој им одговарал: „Дури и да го изгорат Исидора и неговата пепел да ја растурат во ветрот, јас нема да бидам достоен за милоста затоа што Синот Божји дојде овде заради нас."
23. ТОЈ, исто така, кажуваше дека ава Исидор, кога помислите му говореле: „Ти си голем човек", одговарал: „Да не сум како ава Антониј? Или можеби станав целосно сличен на ава Памво или на останатите отци, кои му угодија на Бога." И зборувајќи слично, тој се успокојувал, а помислите се повлекувале. Кога, пак, непријателите му предизвикувале малодушност, говорејќи дека после се, треба да биде фрлен во пеколот, тој им одговарал: „Дури и да ме фрлат во пеколот, ќе бидете под мене."
24. АВА Лонгин рекол: „Мртовецот не чувствува ништо, ниту некого осудува. Ниту смирениот не може да осуди ни еден човек, дури и да види дека им се поклонува на идолите."
25. АВА Матој рекол: „Што повеќе се приближува до Бога, човекот се повеќе се чувствува грешен. Откако го видел Бога, Исаија се нарекол беден и нечист." (Иса. 6,5)
26. ТОЈ рекол: „Како млад мислев дека наводно правам нешто добро. Меѓутоа, бидејќи остарев, јас гледам дека немам ниту едно добро дело."
27. ГО прашал некој брат, говорејќи: „Како монасите во Скитот направиле и повеќе од заповедите, сакајќи ги непријателите повеќе од себеси?" Старецот, пак, му рекол: „Јас до сега, ни оној што ме сака не го сакам колку самиот себе."
28. АВА Јаков рекол: „Еднаш отидов кај ава Матој. Заминувајќи, јас му кажав дека имам намера да одам до Ќелиите. И старецот ме замоли во негово име да го поздравам ава Јован. Кога отидов кај ава Јован, јас му кажав: 'Те поздравува ава Матој'. А старецот рече: 'Ава Матој е вистински Израилец, во кого нема лукавство'. После една година јас повторно отидов кај ава Матој и му ги пренесов поздравите од ава Јован. Старецот, пак, одговори: „Јас не сум достоен за зборовите што ги изрече старецот. Знај, меѓу другото, дека достигнал голема мера оној старец што го прославува својот ближен повеќе отколку себеси. Зашто, совршенство е некој да го слави ближниот повеќе отколку себеси'."
29. ЕДЕН брат го прашал ава Матој, говорејќи: „Кажи ми слово." И тој му рекол: „Оди, помоли се на Бога да му дарува на твоето срце жалост и смирение. Секогаш внимавај на своите гревови. Немој да осудуваш други, туку биди помал од сите. Отсечи ја смелоста и воздржувај ги својотјазик и својот стомак. За кава било работа некој да зборува, ти немој да се препираш со него. Ако зборува правилно, речи: 'Да', а ако зборува лошо, речи: 'Ти знаеш што зборуваш'. И немој да се караш со него поради она што го рекол. Ете смирение."
30. АВА Ксантиј рекол: „И кучето е подобро од мене: тоа поседува и љубов и нема да излезе на суд."
31. БРАТОТ го прашал ава Алониј, говорејќи: „Што значи да се пони-жуваш самиот себе?" А старецот му рекол: „Да бидеш помал (подолу) од безловесните животни, знаејќи дека нема да бидат осудени."
32. АВА Пимен рекол дека човекот, кој се прекорува самиот себе, секогаш може да ги издржи искушенијата.
33. ТОЈ рекол дека човекот кој ќе стигне домерата на апостолските зборови: За чистите е се чисто (Тит 1,15), себеси се смета за помал од сите созданија. А еден брат му рекол: „Како можам да се смета за помал од убијците." Старецот рекол: „Човекот што ќе стигне до мерата на наведените зборови, гледајќи го човекот што убива, вели: 'Тој го направи само овој грев, а јас убивам секој ден'."
34. БРАТОТ му го поставил истото прашање и на ава Анув, наведувајќи му ги зборовите од ава Пимен. Ава Анув му рекол: „Добро рекол. Така е. Зашто, достигнувајќи до мерата на тие зборови (т.е. станувајќи чист), човекот со својата праведност ги голта (т.е. ги превидува) грешките на својот брат." Братот рекол: „А која е неговата праведност?" Старецот одговорил: „Самопрекорувањето. Зашто, оној што се прекорува себеси, го оправдува ближниот. И таа праведност ги прикрива грешките на ближниот."
14ти март 2019 лето Госоподово