Старецот ми рецитираше:
" Не барај од мене да те сакам
љубовта не се бара.
Во сокриените длабочини на срцето
таа сама ке се роди"
- Кажи ми сега, како се родила? Ајде, кажи ми!
- Не знам старецу.
- Тоа е мал збор. Ако ти јас кажам, ке сфатиш веднаш.
" Ме сакаш ли? Ах, не ме сакаш! Еве, гледам, не ме гледаш."
Тоа е некако ниско. Некако е лесно да се искажат тие малечки зборови " те сакам".
Но тоа не се зборува. Се здобива молчејки со личноста што ке ја изградиш.
Се изградиш и другите се луди по тебе. Се негуваш од внатре и гледаш како тоа да го сокриеш, но оној другиот тоа го чуствува и го привлекуваш.
Ако сакаш и не ја бараш љубовта на другите, сите кај тебе ке доаѓат. Тоа е тајна. Тајно да ги љубиш и тие тоа ке го знаат па и ти одалеку ке ги испраќаш своите чувства.
Разбираш?
- Што да разберам? Незнам што да разберам?
-Тоа што ти лесно го кажуваш е неприродно.
Природно е оваа што јас ти го кажувам:
Љуби несебично!
Свети Порфириј Кавсокаливит
4ти јули 2020 лето Господово
Извор од фб профил на
Jasmina Panoska