"Кога свети Серафим Саровски бил запрашан дали на христијаните од наше време им недостасува некаков услов, за да ги произведат истите плодови на светост што беа толку изобилни во минатото, тој одговорил: недостасува само еден услов - решителноста. "
"Запамти, покајанието нема да биде целосно и полезно доколку во тебе не постои внатрешна цврста решителност да не се враќаш на гревот кој си го исповедал.
Aко за било кој грев (паѓање) велиш: "Прости ми!", се ќе ти биде простено, но ако велиш така, а потоа повторно се вратиш на гревот и не се бориш со него, тоа значи дека твоето покајание е лажно; тоа значи дека се каеш и остануваш во гревот. Господ да чува!
Човекот треба да го спознае својот грев и да го намрази, треба да вложи што е можно повеќе напор за да не се враќа на поранешните беззаконија."
- Старец Сава Псковско-Печерски+