логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Сите сме должни да се смируваме пред Бога и пред луѓето
3.angeli.so.truba
Оној кој се запознал себеси, односно кој работи на смирението како оној кој има умна душа за смртното и земно тело, никогаш не се превознесува, ниту пак очајува, туку, срамејќи се од разумноста на душата, избегнува сѐ што е срамно, и познавајќи ја својата слабост од многуте искушенија, од душевните и телесни старасти, тој ја спознал бескрајната Божја сила, и бидејќи  Тој ги избавува смирените кои молат и коленичат пред Него со болна молитва од срцето, на таквиот молитвата веќе ќе му стане сладост. Знаејќи дека без Бог не може ништо да направи, и од страв да не падне, тој се подвизува за да се прилепи до Бога, и се восхитува размислувајќи како Бог го избавил од многуте искушенија и страсти, и Му благодари на Оној Кој има сила да избавува, и со благодарност стекнува смирение и љубов, и не се осмелува воопшто да осудува некого, знаејќи дека Бог може, кога сака, да му помогне секому, како што и нему му помогнал.

3.angeli.so.truba


Затоа што кога човекот не знае дека помошта му доаѓа од нашите соборци – ангелите, тој паѓа во надуеност, мислејќи дека заслугата му припаѓа нему, поради што ќе биде оставен од Бога за да ја спознае својата немоќ.


Гледам многу отпаднати, безброј, и тоа не само неверни, туку и многу од отците кои многу се испотиле. А кој сум, пак, јас, најлошиот од сите, најнечувствителниот и немоќен! Што ќе кажам за самиот себе? Зашто Авраам вели за себе дека е „земја и пепел“, Давид – дека е пцовисан пес и отпад меѓу Израилот, Соломон – мало дете кое не знае што е лево а што десно, тројцата млади велат дека станале срам и казна, а пророкот Исаија кажува дека е беден, Авакум  - дека е недосраснат, апостолот вели дека е прв од грешните, и сите останати мислат дека се ништо. Тогаш, што да правам јас? Каде да се скријам од многуте свои гревови? Што ќе биде со мене никаквиот, и полошиот од тоа, зашто ништожноста не згрешила ниту добила добра како јас.

3.angeli.so.trubaТој што е смиреноумен треба да ја поседува секоја добродетел и притоа себеси да се смета за голем должник и да верува дека е помал од секое создание. Ако не се поима за таков, тогаш самото тоа (непоимање) сведочи дека е полош од сите, дури и ако му се чини дека живее рамноангелски живот, зашто вистинскиот ангел, и покрај толкуте добродетели и мудрост, не може без смирение да му биде мил на Творецот. Значи, што има да каже оној кој само се замислува како ангел, доколку го нема смирението, причината за сите постоечки и претстојни добра.
Ако не можеш да се покаеш и по навика паѓаш во она во што не сакаш, тогаш имај го смирението на цариникот и ќе ти биде доволно за твоето спасение. Зашто, оној кој греши без покајание, треба да се смета за помал од сите и не би требало да се обиде да осудува или прекорува ниту еден човек, туку пред сѐ, треба да се восхитува на Божјото човекољубие, благодарејќи Му на Добротворецот. И иако тој во гревот му се потчинува на ѓаволот, сепак, од страв од Бога, не ги слуша непријателите кои го поттикнуваат на очај, и заради тој Божји удел, имајќи благоразумност и трпение, ќе се воздржува од осудување за да не биде осуден (тоа е насушно потребно).
Колку некој се труди во текот на денот да направи нешто добро, толку истиот е должен да се труди во сите денови од својот живот. А дали тоа ќе биде резултат на неговата сила и подготвеност? Не, туку на Божјата благодат.
Никогаш, ниту едно добро не сме спечалиле сами, туку сѐ ни е од Божјата благодат, како што и создаденото е направено од ништо. „Што имаш, што не си добил? А штом си добил, зошто се фалиш, како да не си примил?“ (1 Кор. 4, 7), вели апостолот..., зарем ти тоа сам од себе го правиш? Такво нешто не е можно, затоа што Господ рекол: „Без Мене, не можете да направите ништо“ (Јован 15, 5).
Како што треба да се смируваат оние кои немаат дарови, зашто се сиромашни, така и оние кои имаат, треба да се смируваат затоа што даровите ги примиле од Бога, за да не бидат осудени за неблагодарност. И како што богатите се должни да исповедаат благодарност кон Бога за даровите, така уште повеќе се должни оние кои се богати со добродетели.

Сите сме должни да се смируваме пред Бога и пред луѓето зашто и животот и сѐ останато сме ги примиле од Него, а преку Него и знаењето едни од други го примаме.
Преку многуте искушенија и нивното трпење човекот станува искусен, спознавајќи ја својата немоќ (незнаење) и Божјата сила. Зашто ако некој не вкуси некои работи, тој не може да знае од што е лишен. А оној кој вкусил од знаењето, делумно дознава дека уште многу не знае, и така тоа знаење му станува повод за смирение. И повторно, оној кој се спознал себеси и сфатил дека е променливо создание, веќе нема да се надева на ништо, затоа што и она добро што можеби го поседува Му припаѓа на Оној Кој го создал.
Никој не е толку бесрамен да се осмели отворено да зборува дека она што го има не го добил како дар, туку таквиот внимателно се вознесува и подмолно краде од пофалбата со тоа што ги осудува другите кои наводно го немаат „богатството“ кое тој самиот го има.

3.angeli.so.truba
 
Св. свештеномаченик Петар Дамаскин

 

 За Преминпортал  подготви

Дејан Блажески

Јануари 2021 лето Господово

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная