Покај се, со смелост гледајќи го безграничното човекољубие на Христос, Кој рекол:
„не дојдов да ги повикам праведниците но грешниците на покајание“.
Покај се, додека има уште време за да не те претекне Страшниот Суд, каде со страв ќе стојат илјадници ангели и светии, каде ќе се отворат книгите со дела, и каде се' тајно ќе постане јавно. Судијата е силен и судот незапирлив, а делата како огнена река ќе бидат пред очите.
Размисли и погледај: Овој Женик веќе се приближува, поитај да се спасиш. Тој доаѓа да ги овенча оние кои се подвизуваат според Законот, кои го засакале и одбрале тешкиот и тесен пат; доаѓа да ги помилува милостивите; доаѓа да ги направи блажени сиромашните (по дух) и да ги збогати оние кои биле гладни и жедни поради Него; доаѓа да осветли што е скиено во темнина да ги објави намерите на срцата и на секој да даде според делата негови.
Да заплачеме малку овде за да не плачеме таму, во вечни маки.
Второто Христово доаѓање ќе биде изненадно, како страшна молња. Во тој час секој ќе прими според делата свои: секој ќе пожнее тоа што го сеел. Секој на Судијата ќе даде одговор за самиот себе. Во тој час никој нема да може да ви помогне. Секој со страв и трепет ќе стои и ќе ја очекува Божјата пресуда.
Покајте се, браќа! Побрзајте, да не останете зад затворени врати. Покајте се, додека има време. Фрлете се во морето на милосрдието Божјо додека е време, Самиот Бог нас не' повикува:
„Дојдете сите кај мене... и Јас ќе ве одморам“.
Тој ги повикува сите и сака сите да се спасат. Никој да не се колеба. Бидете милостиви кон себеси и поштедете ја душата своја. Растурете го тоа бреме од гревови, додека има уште време.
† Свети Ефрем Сирин
Избор од фб профил на Православие.Мк †
Јуни 2022 лето Господово