·
Кај Св. Антониј Велики дошол демонот Зееифер во човечки облик и горко плачел. Св. Антониј го прашал: "Зошто плачеш?" А Зерифер одговорил: "Јас многу згрешив и не знам дали Бог ќе ми прости. Помоли се за мене, за Бог да одговори дали ќе ми прости."
Господ му открил на Св. Антониј дека кај него дошол демон и му рекол: "Старото зло не може да стане ново добро. Но, ако тој ги исполни моите услови, ќе го примам. Три години нека стои на едно место и нека се моли:
Боже, помилуј ме мене, древната злоба.
Боже, помилуј ме мене, помрачената прелест.
Боже, помилуј ме мене, мерзоста на запустението.
Ќе му простам ако го исполни ова."
Кога Св. Антониј го пренел одговорот на Бога, бесот рекол дека нема да го стори тоа сѐ додека луѓето му се поклонуваат.
***
Избор:
Маран Ата
Favourites ·
30.01.2023 лето Господово