Што подразбираме под „смрт за светот“?
Св. Исак Сирин
„Светот“ е општото име на сите страсти. Кога сакаме да ги наречеме страстите со заедничко име, ги нарекуваме „светот“. Но, кога сакаме да ги разликуваме по нивните посебни имиња, ги нарекуваме страсти.
Страстите се следните:
љубов кон богатството, желба за поседување;
телесно задоволство, од кое произлегува сексуалната страст;
љубов кон честа која ја раѓа зависта;
жед за власт, ароганција и гордоста која произлегува од позицијата;
потребата за украсување со раскошна облека и суетни орнаменти;
потребата за човечка слава, која е извор на злобата и незадоволство;
физичкиот страв.
Онаму каде што овие страсти престануваат да бидат активни, таму светот е мртов...
Некој за светиите рекол, дека додека биле живи тие биле мртви, зашто иако живееле во тело, не живееле за телото.
Погледни за која од овие страсти живееш. Тогаш ќе знаеш колку си жив за светот, а колку си мртов за него.
hristianstvo.bg / За Преминпортал Симеон Стефковски