Отпаѓајќи од својот небесен чин заради гордоста, ѓаволот непрестајно се обидува да ги наведе на пад и сите оние кои со (сето) свое срце сакаат да пристапат кон Господа, и тоа по истиот пат по кој и самиот паднал, т.е. городста и љубовта кон суетната слава. Со тоа нас не’ напаѓаат демоните, и со такви и друго слично мислат да не’ одвојат од Бога. Освен тоа, знаејќи дека тој што го љуби братот свој Го љуби и Бога, тие во нашите срца положуваат омраза спрема ближните и тоа во таа мера што да не можеме ниту да погледнеме на својот брат, ниту да проговориме со него.
Се случувало многумина да превземаат навистина голем труд во добродетелите, но поради неразумноста сепак се погубиле себе си. Тоа може да се сличи и меѓу вас доколку, на пример, оладувајќи се за дела, мислите дека поседувате добродетели. Затоа што, ете, веќе сте паднала во таа ѓаволска болест (надменост), мислејќи дека сте блиски на Бога и дека пребивате во светлоста, иако, всушност, се наоѓате во темнина.
Што го натерало нашиот Господ Исус Христос да ја соблече својата горна облека, да ги препаша своите бедра со убрус, да тури вода во мивалникот (Јн.13,4) и да им ги измие нозете на оние кои се подолни од Него, ако не (намерата) да не’ научи на смирение? Да, Он тогаш тоа со пример ни го покажа. И навистина, сите кои сакаат да бидат примени во првобитниот чин, ќе успеат единствено преку смирението, со обзир на тоа што во почетокот движењето на гордоста било причина за паѓање од небото. И така, човек нема да го наследи Царството Божје доколку во него не се најде крајно смирение, смирение на сето срце, сиот ум, сиот дух, сета душа и тело.
(Добротољубието, поука 34)
Извор: Маран Ата
Друго:
- Преподобен Антониј Велики- НЕКОЛКУ ДОБРИ СОВЕТИ
- Свети Антониј Велики - Ние не примивме дух на ропство, за да бидеме во страв... ...