НЕБО НА ЗЕМЈАТА
Литургијата е најдобриот пробен камен за нашата духовна состојба: живи ли сме или мртви – што се гнезди во нас, какви страсти, какви душевни немоќи?
Зошто луѓето често пати биваат така студени кон Литургијата?
– Од недостаток на расудување, од маловерие и неверие и од житејски страсти…
Има ли нешто поважно, повеличествено, почудотворно, посвето, побожествено, потрогателно од Литургијата?
Но, мнозина од христијаните се мртви, глуви за неа, стојат безволно, студено, блудејќи со мислите и погледот. Од која причина? – Од недостаток на вера во тајната и особено од недостаток на размислување за нејзиното величие, светост, животворност и за нејзините плодови – обновувањето и вечниот живот.
Мнозина се глуви поради приврзаноста на нивното срце кон привременото и тлено богатство, кон житејските наслади, кон разни плотски похоти.
Треба да бидеме особено внимателни кон она што го чувме за да не отпаднеме (Евреите. 2,1)… Литургијата е противтежа и отпор на постојаното тление, кое господари со светот; таа ги осветува осквернетите од гревопаѓањето, ги исправува грешниците, ги дига паднатите, ја прогонува гревовната смрдеа; таа е благоухание на Светиот Дух.
Св Јован Кронштатски
6ти февруари 2023 лето Господово
ФБ на Православие.мк