За молитвата !
Нашиот Владиката Николај, поучувајќи ги богослужителите, рече: Господ бил и останува единствен помошник. Не оставај ја молитвата и Бог нема да те остави.
Преку молитвата ја признаваме нашата немоќ и Божјата семоќ. Со молитва Го издигнуваме Бога на негово место и го спуштаме човекот на негово место. Луѓето кои не знаат за молитвата ги поставуваат работите наопаку, односно се воздигнуваат себеси и го понижуваат Бога. Онаму каде што е присутна молитвата, присутна е гордоста. Затоа псалтирот вели: "Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата."
Една девојка остана сама во еден град. Немаше пари ни работа, немаше никого никаде. Се обраќаше кон луѓето да и помогнат.Малку се молела на Бога а повеќе се потпирала на помошта од луѓето. И ништо не помогнало. Одлучи да се самоубие. Дојде до реката, се тресеше од помислата на смртта, па дури и од таквата смрт. Плачеше, клекна и извика со сиот глас:" Господи Боже само ти можеш уште да ме спасиш.Спаси ме. " Во тој момент покрај брегот се возел човек со велосипед. Гледајќи ја девојката на колена, застанал и ја прашал: „Дали би сакала да се вработиш во богата куќа?“ И девојката веднаш била испратена на работа. Значи дојде човек со велосипед , како поштар на Бога , да и донесе спасение на едена очајничка . Колку е чудно и прекрасно кога напуштената човечка душа, без да очекува помош од луѓето, од срце ќе извика кон живиот Бог, Бог брзо доаѓа на помош. Голема е моќта на молитвата и обраќањето кон Бога.
Превод од српски.
Објава на Жарко Ѓоргевиќ