логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

За небесниот леб и чашата на спасението

 HRISTOS.Putir.

„А јас го примив од Господ она што ви го предадов...“(1 Кор. 11, 23)

1. Доволно е само ова место од поуките на блажениот Павле за да ве увериме во Божјите Тајни, со кои се удостоивте, со кои станувате Христови сотелесници и причесници, исто како што рече апостолот: „Господ Исус, онаа ноќ кога беше предаден, зеде леб, и, откако го прекрши, рече: ‘Земете, јадете, ова е Моето тело’“ (1 Кор. 11, 23-24). „И како ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: ‘Пијте од неа сите, затоа што ова е Мојата крв’“ (Матеј 26, 27-28). Кога Самиот Христос објавил и рекол за лебот: „Ова е Моето тело“; кој после тоа може да се осмели да не верува? И кога Тој Самиот сведочел за чашата: „Ова е Мојата крв“; кој ќе се посомнева и ќе рече дека ова не е Неговата крв?

2. Во Кана Галилејска, Тој водата ја претворил во вино, а слично е и со крвта: зарем не е достоен на верата кога виното го претвора во крв? Бидејќи повикан на телесен брак (свадба) извршил преславно чудо: зар со тоа веќе не нѐ повикал нас, брачните синови, на исповед, со Своите тело и крв, на наследство?

HRISTOS.Putir1.3. Зошто со потполна увереност го примаме ова, како тело и крв Христови? Затоа што во вид на леб тебе ти се дава телото и во вид на вино ти се дава крвта, за причестувајќи се со телото и крвта Христови да станеш Негов сотелесник! Бидејќи така и стануваме Христоносци (Христови), кога Неговите тело и крв општат со нашите членови од телото. Така, според зборовите на Петар, стануваме „причесници на Божествената природа“ (2 Петар 1, 4).

4. Некогаш беседејќи, Христос им рекол на Јудејците: „Ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете Неговата крв, нема да имате живот во себе“ (Јован 6, 53). А тие (учениците) несфаќајќи го духовно она што им го кажа, туку соблазнувајќи се, си заминаа од Него, мислејќи дека ги убедува да јадат плот.

5. И во Стариот Завет лебовите биле предложени, но тие со значењето кое го имале во Стариот Завет, биле укинати. Во Новиот Завет постојат небесниот леб и чашата на спасението, кои ги осветуваат душата и телото. Бидејќи како што лебот е достоен на телото, така и зборот ѝ доликува на душата.

6. Затоа, лебот и виното (во Евхаристијата) не ги сфаќај несериозно, затоа што тие според зборовите на Владиката се телото и крвта Христови. И ако чувството ти го покажува тоа, тогаш верата нека те утврдува. Не расудувај за работите според вкусот, туку без сомнеж биди утврден во верата, за да се удостоиш со телото и крвта Христови.

7. И Давид ти ја објаснува оваа Тајна. Велејќи: „Пред мене си поставил трпеза, која можат да ја видат моите непријатели“. А неговите зборови значат ова: пред Твоето доаѓање, демоните им подготвуваа трпеза на луѓето, нечиста и осквернета, исполнета со ѓаволска сила, но по Твоето доаѓање, о Владико, пред мене си поставил трпеза. Кога човекот Му вели на Господ: Пред мене си поставил трпеза, што друго би значело тоа ако не тајната и умна трпеза, која Бог ни ја подготвил во замена, за онаа спротивната, и против демоните. И сосем правилно. Бидејќи онаа (трпеза) имала заедница со демоните, а оваа има заедница со Бога. „Со масло ја помаза мојата глава“.

Со масло ја помаза твојата глава по челото, преку печатот, што го имаш од Бога: за ти да бидеш икона на печатот „Господова Светост“. „И преполна е Твојата чаша со која ме напојуваш“. Гледаш ли што се кажува за таа чаша, која ја зел Исус во рацете, заблагодарил и рекол: „Ова е Мојата крв на Новиот Завет која се пролева заради мнозина, за простување на гревовите“ (Матеј 26, 28).

HRISTOS.Putir2.

8. Затоа и Соломон, прорекувајќи за оваа благодат во Проповедникот, вели: „дојди, јади го својот леб со радост“ (односно, духовниот леб, и преку зборот дојди повикува на спасителниот и блаженотворен повик). „Со весело срце пиј го своето вино“ (гледаш ли како таинствено го објавил Миропомазанието?). „Облеката секогаш нека ти биде бела, бидејќи на Бога му се мили твоите дела“. Затоа што пред да ѝ пристапиш на благодатта, суетни биле твоите дела. Кога си ја скинал старата облека и духовно си се облекол во бела, тогаш треба постојано да носиш бело. Сигурно е дека ние не зборуваме дека ти треба секогаш да се облекуваш во бела облека, туку бела во вистинска смисла, и светла (одосно духовна); така треба да се облекуваш за да ги имаш зборовите на блажениот Исаија: „Мојата душа ќе се весели во Господа, бидејќи ме облече во спасителна облека и со плаштаницата на правдата ме наметна“.

9. Знаејќи го ова се уверуваме дека лебот што го гледаме не е леб, иако со вкусот се чувствува, туку тело Христово; и виното што го гледаме не е вино, иако според вкусот така изгледа, туку крв Христова. За ова и Давид одамна пеел: „И лебот срцето на човекот го крепи, и душата се осветлува од маслото“.

 

 

HRISTOS.sv.Kiril.Erusalimski.

Причестувајќи се духовно крепи го своето срце и помазувај го лицето на својата душа. Имајќи го ова (Таинство) откриено во чистата совест и созарцувајќи ја Господовата слава, о кога би се преобразувал, од слава во слава (2 Кор. 3, 18), во Исус Христос, Кому Му прилега чест и сила и слава,

Свети Кирил Ерусалимски

 

31ви март 2023 лето Господово

 HRISTOS.Putir3.

 За Преминпортал:Дејан Блажески

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная