Ако си христијанин, знај: секој ѓавол постојано војува со тебе. Секој ја врши оваа сила против тебе: демонот на гневот - гнев, демонот на блудот - блуд, демонот на гордоста - гордост, демонот на злобата - злоба, демонот на зависта - завист, демонот на очајот - очајот, и така натаму, нивното име е легион а нивните искушенија и бројот на страстите не се знае.
Па, кога Господ ќе го види твојот напор дека се присилуваш да се молиш, ќе ти даде сила да ја направиш твојата молитва мила и слатка и да те води низ овој свет. Всушност, се исполнуваш себе си со Божествената сила која ја победува смртта што е во тебе, го победуваш гревот, секој грев.
Свети Ава Јустин Келиски
Житие-
Преподобен Јустин Ќелиски
1 јуни (по стар стил)
Јустин
Роден во Врање на Благовештение 1894 година, од родители со потекло од Македонија. Заврши богословија и, во текот на Првата светска војна, се замонаши. Студираше во Грција и во Англија, а кратко време и во Русија. Беше професор во Карловачката богословија, а потоа во Призренската и Битолската богословија за најпосле да стане професор на Богословскиот факултет при Белградскиот Универзитет. По Втората светска војна, им пречеше на новите комунистички власти, па беше апсен, сослушуван, малтретиран и на крај прогонет во манастирот Ќелије, кај Ваљево, од каде не смееше да излегува. Таму се оддаде на молитвен и подвижнички, но и творечки живот. Бројните теолошки трудови на авва Јустин (околу 40 тома), освен догматика и егзегетика, опфаќаат области од патристиката, аскетиката, литургиката, како и теми од христијанската философија и особено од православната антропологија и од на православието заснованата философија на културата. Се смета за еден од најголемите богослови во 20 век. Имаше дар на плач и секоја Литургија ја поминуваше со обилни солзи, спомнувајќи стотици имиња на живи и упокоени. Се упокои на истиот ден кога е и роден – Благовештение 1979 година, затоа неговиот спомен се слави на 1 јуни, на денот кога се слави споменот на неговиот небесен заштитни, светиот Јустин Философ.