логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

BOGORODICA.AKATIST

ЗА МАГИИТЕ
Старец Пајсиј (Светогорец)


                    Дојде во Колибата еден млад маѓепсник (вражалец) од Тибет и ми раскажа многу работи од неговиот живот. Тоа дете, само што се одбило од доење, на возраст од три години, татко му го посветил на една група од триесет маѓепсници од повисок степен во Тибет, за да го воведат во нивната техника. Стасал до единаесеттиот степен на магија, а дванаесеттиот е највисок.
На шеснаесет годишна возраст заминал од Тибет и отишол во Шведска за да се види со татко му. Таму, случајно сретнал еден, многу верен, православен свештеник и побарал да разговараат.
Младиот маѓепсник воопшто незнаел што значи православен свештеник. Во салата каде што седнале да разговараат, почнал да му прави некои од неговите магии, за да му ја покаже својата сила.
Поканил еден од главните демони Мина (Месец) и му рекол: „Сакам вода“. Се кренала една чаша од кујната, самата отишла до чешмата, чешмата се отворила и ја наполнила, поминала преку затворената стаклена врата и дошла во салата. Ја зел маѓепсникот и ја испил.
Потоа му ги прикажал на свештеникот во салата целата вселена, небото, ѕвездите. Употребил магии од четвртиот степен и ќе напредувал до единаесеттиот степен. Тогаш го прашал свештеникот како гледа на се ова.
„Бев готов“, ми рече, „да го убијам свештеникот ако ми го исмејуваше сатаната“.
Но, свештеникот не му рекол ништо. Тогаш, младичот го прашал: „Зошто и ти не ми правиш знаци?“
„Мојот Бог е смирен“, му одговорил свештеникот и извадил еден крст давајќи му го да го задржи.
„Повторно направи ми знаци“, му рекол свештеникот.
Младичот го повикал главниот демон Месец, но Месец се тресел неосмелувајќи се да се приближи. Го повикал сатаната и тој исто - го гледа крстот и не се приближува. Единственото нешто што сатаната му го рекол на младичот било да стане и да си оди за Тибет. Тогаш младичот му се изругал на сатаната: „Сега разбрав“, му рекол, „дека твојата голема сила е една голема немоќ“.
Во продолжение тој се катихизирал од добриот свештеник којшто му кажал за светите места и за Света Гора... Од Шведска отишол за Ерусалим каде што го видел и светиот оган. Од таму отишол во Америка за да ги изруга сатанистите коишто ги познавал, за да си го сменат умот; Господ го направи најдобар мисионер; и, од таму дојде на Света Гора.
              Добриот Бог многу му помогна, затоа што од мал беше онеправдуван; молете се; бидејќи го напаѓаат маѓепсниците со сите демони. Кога мене ме напаѓаат штом доаѓам да му помогнам, колку повеќе него. Свештениците му читаа егзорцизми, рацете му пукаат и му тече крв. Кутрото дете, демоните многу го мачат; а, порано кога беше во пријателство со нив, не само што не го вознемируваа, но му помагаа и го услужуваа. Да се молите. Но, и самиот треба многу да внимава, зашто Евангелието вели, (Мт.12. 45), дека нечистиот дух кога ќе излезе од човекот „оди и донесува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе влезат, таму ќе живеат, та последната состојба на тој човек станува полоша од првата“.

 

 

 

sv.Atanasij Brvenica



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная