Блажен е оној, кој го усогласува својот живот со вистината и не се оддава на лагата. Човек е среќен кога ја твори вистината, зашто „Бог е вистинит“(Јован 3, 33), и лага во Него нема. Кој нема да му завиди на човек, кој ја запазува вистината?
Кој живее во вистината, тој секогаш е угоден на Бога, за сите луѓе е полезен, во општеството е прекрасен и во секоја работа праведен! Човекот на вистината не угодува на луѓето, не ги суди неправедно другите, не си припишува достоинство и чест, не го презира малиот и бедниот, во своите одговори не е лукав, во размислите е праведен, во работата ревносен, во општеството чесен, не познава подлост, не сака лицемерие, се краси со добри дела, се раководи од секоја добродетел. Навистина блажен е човекот, кој секогаш и во се и служи на вистината!
Меѓутоа, жален и злопримач е секој човек, кој се допира до било каква лага: зашто, ѓаволот од почеток е татко на лагата ( Јован 8, 44 ). Кој кисне во лагата, тој е колеблив и несмел: злобен е пред Бога и сите луѓе! И навистина, кој не ќе го исплаче човекот, кој го поминува својот живот во лага! Таков човек во никоја работа не заслужува доверба и во секој одговор е сомнителен. Тој во животот предизвикува гнев и расправии – во општеството пак е тоа, што е рѓата за железото. Тој е дрзок по срце и непристоен во однесување – ги потслушнува туѓите тајни и лесно ги открива; умее со својот јазик да ги излаже и оние, кои стојат тврдо во вистината и доброто. Ништо не говори без клетва и мисли да убедува со многусловие. Пронаоѓа лаги и итро испревртува. Нема рана подлабока и срам повисок од лагата: лажливиот за сите е гнасен, пред сите е смешен. Ете зошто треба да бидеме внимателни кон себе си: да не киснеме во лагата !
Извор:http://www.mpc-svpetka.com/