логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



sv.J.SHangajski.jpg 
           Несовршенството на човечката душа се огледува и во тоа што таа го заборава тоа што е важно и го памети она што е неважно. Го заборава тоа што не би смеела да го заборави, а го памети она што мора да го заборави.                  
           Ако наспроти оваа мисла, ја примениме на сите нас познатата изрека, на секој човек можеме да му го поставиме следното прашање: “Кажи ми што забораваш и што паметиш, и ќе ти кажам кој си”.                                                                      
           Да почнеме себеси  да се прашуваме што ние, луѓето, а особено ние верниците, забораваме, а што паметиме. Дали секогаш се сеќаваме на Оној Кој ни подарил живот? Не го заборава ли нашата душа Бог? Дали е силно, дали е длабоко, дали е животворно нашето паметење на таа вистина, таа највиша реалност? Паметиме ли ние секогаш дека Оној Кој н# создаде, секогаш со нас пребива, иако ние и не пребиваме секогаш со Него? Паметиме ли дека Светиот Дух проникнува низ сите наши помисли, дека ги чита нашите мисли и ги суди намерите? Паметиме ли ние дека Живиот Христос, Кој пребива во светот е најголемата Светиња, Чистота, Правда, Вистина и љубов? Дали нашето паметење ги сочувало Неговите Заповеди и закони, кои Господ ни ги даде заради нашиот живот и заради нашата вечност? Дали остануваат во нашата душа зборовите Христови, зборовите со сила на љубовта и довербата дека Тој н# нарече Свои деца и браќа, а не наемници, или уште полошо – не непријатели Свои, иако ние, правејќи зло, наликуваме најповеќе на Негови непријатели? Паметиме ли дека Словото Божјо се вочовечи и застана покрај нас, проговори на нашиот јазик и н# научи во себеси и во другиот да гледаме внатрешен, духовен човек – пријател Божји? И уште, паметиме ли ние како беше отфрлен Христос, колку малку Тој имаше заштитници, како за Него не се најде место на земјата – ни првата, ниту последната минута Негова на земјата? Како, буквално како молња “која светнува од исток до запад”, чудесно, таинствено, неоспорно воскресна Христос, стана од Својот гроб и им се јави на најблиските ученици, дванаесетмината, седумдесетмината и половината илјади; и како, Воскреснат Го препознаваа, и како им даде бескрајна надеж на луѓето; како после тоа Тој се скри во невидливиот свет за да стане уште поблизок на секоја душа на земјата, за уште посовршено да застане пред прагот на секој човечки дом… Паметиме ли дека ангели и духовите на светиите ги опкружуваат луѓето и дека особено им се блиску на оние кои во молитвите ги повикуваат?      
             Го чуваме ли ние паметењето – каде и да сме – дека овој наш земен, краток живот секогаш само за влакно чекори покрај големиот невидлив свет, и дека секоја минута можеме да бидеме повикани во другиот свет, на последниот суд на Правдата Небесна?... Паметиме ли секогаш, а особено тогаш кога некоја тежина која ја притиска нашата душа влегува во нас, и кога некој внатрешен глас ни шепоти ласкави, темни зборови, и кога нашата душа почнува да се колеба и да притежнува кон злото? Се сеќаваме ли ние тогаш на Бог, Го повикуваме ли Бог? Паметиме ли ние, после секој грев дека Милостивиот Господ ни дал пат на повторно духовно станување – во покајание? Паметиме ли ние, во моментите на тегобност дека Господ е Долготрпелив, а во моментите на искушение од злото дека Господ е Праведен? И кога гледаме на луѓето кои н# опкружуваат, паметиме ли ние дека нашиот Господ е и нивни Господ; дека нашиот Небесен Отец е и нивни Отец; дека е нивни Судија и наш Судија? Паметиме ли ние дека човекот се оправдува или се осудува само “од своите дела”, но дека “без вера невозможно е да Му се угоди на Бога”?... Таквите духовни богатства на вистината и бесмртноста може да ги чува нашето паметење, нашиот живот. Го чуваат ли тие тоа сјаење? Блажен е оној кој ја знае вистината на Божествената љубов кон нас. На ништо друго не можејќи да се надева, тој се надева на Љубовта Божја, И живее со љубовта на својот Господ.       
            Јас не прашав за с#, туку само за најглавното ја прашав човечката совест и паметењето. А сега сакам да го испитам човечкиот заборав.              
            Забораву, ги проголта ли сите навреди кое сум ги претрпил во животот, сите страдања и сите болки, сите стравови на животот? Ги проголта ли, забораву, немирот и трката на изминатиот животен пат, сите негови ништавни преживувања, недоразбирања, празни зборови, непотребни расправии и грижи?... Само на она поле кое е очистено со заборавот од животните немири, расте мудрост.          
            Забораву смел, ти, како вода од чист извор, ја однесуваш прашината на земјата и ја потопуваш во себе, не губејќи ја својата светкава чистота. И човек може да биде само оној, кој мудро се заборава себеси, памтејќи Го Бога и Неговата вистина и Правда.         
Со светлиот заборав и светлото паметење свое ние влегуваме во реалниот живот.

 

Подготви: Михаила Поповска

 Друго:

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная