Судот Божји
На сите ќе им биде судено, но на оние кои заслужуваат оправдување, Судот ќе им биде такав како и да го нема; ќе биде радосно дочекан, како и да не е Суд туку прегратка Господова; во радост ќе помине и после него ќе настапи радост... На тоа се удостојуваат оние кои веруваат во Господа како што треба и живеат по Неговата волја.
Треба да се очекува и постојано да се има на ум, дека секој час ќе се појави Господ и ќе засветли како молња од едниот крај на светот до другиот. Некои мислат дека тоа очекување на Господа може да се замени со очекувањето на смртта. Добро е и тоа, или барем тоа. Но едно е очекувањето на Господовото доаѓање, а друго очекувањето на смртта. Мислите за тоа се разликуваат, различни се и чувствата кои од тоа произлегуваат. Исчекувај го денот Господов, кога со неповратна одлука сè ќе се заврши. После смртта сепак уште ќе трае времето на нерешена состојба; а денот Господов засекогаш сè така ќе распредели и запечати, што повеќе нема да има измени. Си чекал, велиш. Чекај уште. Постојано чекај. Но тоа, ќе речеш, ќе ги уништи сите радости. Нема да ги уништи, туку само од твојјот живот ќе ги исфрли оние радости, кои незаконски го користат тој назив. Ќе се радуваш и тогаш, само во Господа. Во таква радост можеш да Го чекаш Господа и ако Тој те затекне во неа, нема да те оптужи, туку ќе те пофали.
Колку на тие мудреци и да им изгледала неверојатна идејата за митарствата, нема да избегнат да поминат межу нив. Што бараат тие цариници од оние кои поминуваат? Тоа, да не има нивна роба. Што е нивната роба? Страстите. Кај оној чие срце е непорочно и далеку од страстите, тие не можат да пронајдат ништо за што би се закачиле; напротив, добрината која им е туѓа ќе ги погаѓа како молневити стрели.
Штом ќе се зачуе гласот на трубата која ја објавува заповедта Божја, мртвите во моментот ќе станат, а живите ќе се изменат, то ест ќе примат непопрадливо тело во какво ќе воскреснат и умрените.
... Сакале не сакале, чекале или не чекале воскресение – едни ќе воскреснат за слава, а други за маки.
Добар одговор на судот не е ништо друго од она што е направено и прашања нема да има... туку што не е направено или што е направено противно на она што треба... во тоа е сиот одговор... И тоа со ништо не може да се покрие, освен со покајание овде...
Идниот живот ќе одговара на духовното напредување овде.
Што е идното блаженство ако не бесконечна вечера на Господ со верните Свои? Тој таму со сè ќе ги задоволи, нахрани, развесели и ќе им пружи блаженство.
(Продолжува)
Подготви: З. Д.
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (1дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (4 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (5 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (6)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (7)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (8)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (9)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (10)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (11)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (12)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (13)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (14)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (15)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (19)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (20)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (21)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (22)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (23)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (24)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (25)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (26)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (27)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (28)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (29)
Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)