Помошта Божја
Ништо не доаѓа туку така. Помошта Божја секогаш е спремна и секогаш е близу, но им се дава само на оние кои ја бараат и се трудат, и кога ќе ги испробаат сите свои средства, од срце почнат да повикуваат: „Господи, помогни!“ А додека макар и малку се очекува од сопствените средства, Господ не се меша, како да вели: „Сакаш сам да постигнеш! Добро, чекај...“ Но, ма колку и да чека, ништо нема да се случи.
Свеста за немоќноста е право предворје за задобивање на помошта Божја.
Со какво само одушевување свети Петар тврдел дека нема да се одрече од Господа; а кога дошол ред на дело, тој се одрекол од Него, и тоа три пати. Толку сме слаби! Не надевај се на себеси, туку кога стапуваш меѓу непријатели, сета своја надеж дека ќе ги совладаш, положи ја на Господа. Затоа и бил допуштен таков пад и тоа на толку високо лице, за после тоа никој да не би се осудувал сам да прави некакво добро или да го совладува непријателот, внатрешен или надворешен. Надевај се на Господа, но сепак, ни своите раце не ги спуштај. Помошта од Господа доаѓа со посредство на нашите напори и соединувајќи се со нив, ги прави посилни. Ако не ги има тие напори, помошта Божја не ќе има на што да слезе, па нема ни да слезе. Но пак, ако има кај тебе самоувереност и соодветно со тоа отсуство за потреба на помош и нејзино барање – таа пак нема да дојде. Како да слезе таму каде што ја сметаат за излишна?! Во тој случај таа нема ни со што да се прими. Таа се прима со срцето. А срцето за примање се отвора од чувство на потреба. Значи потребно е и едното и другото. Боже помогни! Но ни човекот не треба да лежи.
Не може светот да ве мрази вас; а Мене ме мрази зашто јас сведочам за него дека делата негови се зли (Јн. 7,7). Господ овде на учениците им најавил дека светот и нив ќе ги мрази и гони, заради тоа што Он ги издвоил од светот. Обрнете внимание на тоа каде се насочува омразата на светот, па ќе дознаете каде е делот Христов; она на што светот повеќе се противи, тоа е повеќе Христово, тоа Му е поблиско Нему, повеќе е во склад со Неговиот дух. Ова е надворешен показател, но за внатрешното (духовното) и тоа е доволно. Светот не делува сам, туку на делање е поттикнуван од страна на својот кнез – сатаната, чии потфати Господ ги разорил и продолжува да ги разорува во верните и преку верните. Тој на Господа ништо директно не може да Му направи, па затоа својата јарост ја насочува на оние кои веруваат во Него, за досадувајќи им ним, да би Му досадувал на Господа. Ни тука не делува директно, туку преку своите органи, кои го сочинуваат светот. Тоа не значи дека има моќ; не плашете му се, бидете смели, зашто Господ го победил светот и неговиот кнез. На оној кој самиот не му се препушта, тој не е во состојба ништо да му направи.
(Продолжува)
Подготви: З. Д.
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (1дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (4 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (5 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (6)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (7)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (8)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (9)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (10)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (11)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (12)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (13)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (14)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (15)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (19)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (20)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (21)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (22)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (23)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (24)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (25)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (26)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (27)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (28)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (29)
Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)