Кој сфатил дека човечкиот род се наоѓа во падната состојба, дека земјата е место на наше прогонство, наша темница, каде што поминуваме кусо време, па излегуваме за да добиеме или вечно блаженство или вечна казна, тој секако сфатил и тоа дека единственото човечко засолниште на земјата е Христос, Спасителот на загубените. Сходно на тоа, единствено непроценливо човечко богатство на земјата е - познание на Христа и усвојување од страна на Христа.Оној, кој сака да го стекне тоа богатство, ќе сака ли да стекне и привремени наслади? НЕ!!! ?Напротив - ќе ги избегнува, чувајќи се да не го одвлечат. Ќе биде задоволен не само со она што е неопходно, туку и со сиромаштво. А задоволен човек е побогат од богатите!
Браќа, ние во овој свет дојдовме голи; заминувајќи од него ќе ги оставиме и нашите тела. Зошто да бараме пропадлив имот? Зошто да го бараме она што секако ќе мора да го оставиме? Да не го губиме скапоценото време на пропадливи работи, за да не го изгубиме нашето единствено богатство - Христа. Кон Него да ги насочиме и умот и срцето; да бидеме задоволни од својата храна и облека; да не си дозволуваме неумерени барања, за тие, малку по малку да не ја привлечат нашата љубов и да не лишат од Христа.2. 144-145 (в. СТРАВ БОЖЈИ )
С М И Р Е Н О М У Д Р Е Н О С Т
Како што душата е незнајна и невидлива за телесните очи, така и смиреномудроста не се познава кога ќе се најде меѓу луѓето. И како што душата е скриена во телото од човечки погледи иопштењето со нив, така и смиреномудрениот, не само што не сака луѓето да видат и да сфатат дека тој се оддалечил и се одрекол од сé, туку дури би сакал да се сокрие и од себеси, да живее и престојува во безмолвие, целосно заборавајќи ги поранешните помисли и чувства, да биде како да го нема и како да не постоел, непознат дури и на својата душа. Таквиот човек, колку е скриен и одделен од светот, толку е целиот во својот Владика.
2. 227-228 ( в. МОЛИТВЕНИ БАРАЊА)
У М И С Л Е Н О С Т ( Г О Р Д О С Т )
Гордоста, издејствувајќи ги падот и погибелта на човечкиот род,(луѓето) не го гледаат падот во човечката природа и не се свесни за него: тие во неа гледаат само доблести, совршенства и убавини; и болестите на душата и страстите, се сметаат за благородни особини. Таквиот поглед на човечкиот род ја прави идејата за Искупителот сосема непотребна и туѓа. Видот на горделивите е ужасно светило; а отсуството на гледање кај смирените е способност за гледање на вистината. На тоа се однесуваат зборовите Господови: на суд во овој свет дојдов, слепите да прогледаат, а оние кои гледаат да бидат слепи. 4. 173 ( в. ЗАПОВЕДИ)
( од свети Игнатиј Брјанчанинов - Енциклопедија на православниот духовен живот )
Изборот: од свештенството на храмот Св.Спас, Драчево( Скопје)
Рекол авва Григориј:
- Овие три нешта ги бара Бог од секој човек кој примил Крштение: од душата бара права вера, од устата вистина, а од телото целомудреност.
Рекол уште:
- За оние кои живеат во подвиг (пред сѐ молитвен - прим. прев.), целиот човеков живот е како еден ден.
Посети:{moshits}