Преп. Пајсиј Светогорец: За Божествената промисла
Значи, каде и во какви околности гледаш дека Бог бил Неправеден, немилосрден и суров? Не треба да ги испитуваш Божјите судови, зашто само тие се секогаш правилни и познати Му се само Нему. Додека, пак, ние судиме неправилно и Божјите судови ни се чинат несправедливи. Треба да знаеш, дека многу нешта се случуваат по Божја волја и од причини кои не ни се познати. Ете зошто треба да кажеме: Праведен си Ти, Господи, и праведни се Твоите пресуди (Псал. 118,137).



" Речиси секој грев



Неблагодарноста и лакомоста се големи зла. Оној кој владее со материјалните работи, со него владее напнатост, потиштеност и тегоба, затоа што час трепери да не му ги земат работите, а час да не му ја земат душата. Еден ден, дојде некој богат човек од Атина, и ми рече: „Оче, изгубив контакт со моите деца; ги изгубив децата“. „Колку деца имаш?“ го прашав.
Во претходните глави ние се обидовме да го изложиме учењето на свети Григориј Палама за Божеството во Неговата непостижна и недостапна надсуштина и откровението на светот преку Своите несоздадени енергии. Тие енергии се безбројни, во нив тварта реално се приопштува на Самото Божество и Бог присуствува во созданието. Едно од таквите откровенија на Божеството на светот, една од Неговите енергии е, според учењето на свети Григориј Палама,
Прашањата за можноста за богопознание и за неговите патишта има прилично значајно место во делата на свети Григориј Палама. Потребно е, сепак, веднаш да се забележи дека исходна точка на сето негово учење е утврдената од него потполна недостижност на Бога за разумот и Негова неискажливост со зборови. Таа мисла за непостижноста на Бога за разумот кај свети Григориј Палама е поврзана со сето негово учење за природата на Божеството,
Кoга сe случилo нeкoј бунт вo Сoлун и кoга пo нарeдба на царoт Тeoдoсиј билe убиeни 7 000 луѓe, сe налутил Амврoсиј на царoт тoлку мнoгу, штo кoга oвoј гo пoсeтил Миланo и сакал да влeзe вo црквата, свeтитeлoт му забранил. Царoт му рeкoл на Амврoсиј: “И Давид пoгрeшил и нe бил лишeн oд Бoжјoтo милoсрдиe”. Тoгаш eпискoпoт прoгoвoрил: “Акo гo пoддржувашe Давида вo грeвoт, пoддржувај гo и вo пoкајаниeтo”.
Замисли си една лоза, богата со нежни ластари, зелени листови и сочно грозје. Колку е само убава! Но, кога ќе ја соберат, остануваат само лисјата. Малку по малку, таа и лисјата ќе ги отфрли и, што ќе видиш? Голотија, од која сè паднало на земјата и изгнило.
Бидејќи, штом почнеме и најмалку да се сомневаме во другиот и да обрнуваме внимание на она што тој прави, нашиот ум веќе не внимава на своите грешки. А после тоа веќе доаѓа озборувањето, осудувањето и презирањето на другите, и на крај, неминовно – паѓање во оној ист грев, кој го осудуваме кај другите.
Ги исповедам jac многугрешниот (името) на Господ Бог и Спасителот наш, Исус Христос и тебе, чесен оче, сите мои согрешенија и сите злодела кои ги направив, или помислив во сите дни од мојот живот, до ден денес.
Божјата Промисла се грижи за нас, така што и нашите најмали телесни тешкотии не остануваат незабележани од Негова страна. Како последица на тоа, секој од нас при телесна тешкотија треба вака да размислува: оваа болест или друга незгода е последица или на мојата невнимателност или на човечката злоба или на нешто друго, но во секој случај не би се случила без Божјата Промисла, која ја одредила според моите сили, така што нејзиниот почеток и нејзината тежина (ослабување или засилување) зависи од Него.
И како што нашата утеха во будна состојба се состои од умилението кое се раѓа од свеста за сопствените гревови, од сеќавањето на смртта и на судот Божји – само што тие помисли се јавуваат од благодатта Божја која живее во нас, засадена со светото Крштение, и Ангелите Божји ги донесуваат согласно со























