Хуманиот просјак кој собира пари за црквите, денеска полни 100 години!
Добре Добрев, кој е познат како просјакот дедо Добри, денеска полни 100 години, соопшти Бугарската Национална Телевизија.
Откако во 2009 година во јавноста излезе информација дека тој донирал над 35.000 левови за околната катедрала, неговото име се поврзува со најголемата донација од физичко лице во историјата на храмот „Св. Александар Невски".
Дедо Добр живее крајно аскетски во своето родно село и ги одбегнува сите јавни настапи. Покрај напредната возраст тој продолжува секој ден да патува или оди до Софија и проси за да собере пари за црквите и манастирите.
Се проценува дека низ животот донирал вкупно околу 80.000 левови,или 40.000 евра.