Руската Црква го слави Денот на христијанизација на Русите
Денес, на денот на светиот рамноапостолен кнез Владимир (Василиј), Руската Црква го одбележува Денот на христијанизација на Киевска Русија. Оваа година, за прв пат во последните неколку години, централната прослава ќе се одвива во Москва, а не во Киев. Во минатото, Москва се наоѓаше на периферијата од главната прослава на црковните одбележувања, затоа што Патријархот и сите членови на Свештениот Синод патуваа во Киев. Овој пат, поради политичко-безбедносните околности во Украина, членовите на Синодот се среќаваат во Москва, каде што ќе допатуваат и архијереите од Киевската митрополија, предводени од местобљустителот на Киевската катедра, Митрополитот Онуфриј.
Традицијата за прославување на Денот на христијанизација на Киевска Русија започна по иницијатива на блаженоупокоениот Патријарх Алексеј II во 2008 година. Оттогаш, главната прослава се одржуваше секоја година на 28 јули во Киев.
Во меѓувреме, Украина останува централна тема на денешната прослава.
Извор: Интерфакс
Извор: Кумановско-осоговска епархија
28.07.2014 год.