04 ноември 2015 лето Господово
Социјалната работа на Црквата во поглед на актуелното бегалско прашање,maximou_ieronimos_7.jpg како и црковното образование беа темата на разговорите помеѓу премиерот на Р. Грција, Алексис Ципрас (радикална левица, н.з.) и Архиепископот Јероним, придружуван од Митрополитите Илијски Герман и Демирхисарски Макариј, во Максимовата палата (кабинетот на Премиерот, н.з.).
Час и половина траеше средбата во многу топла атмосфера, во присуство на Министерот за Образование, Филис и Министерката за Општествена солидарност, Фотиу.
Премиерот г. Ципрас ја изрази својата особена радост за соработката која ја има со Црквата и неговата убеденост дека Црквата е придружник на Државата за соочување со проблемите кои ги имаат чувствителните општествени групи, како и бегалците на границите на земјата.
Двете страни се согласија дека секоја една работа која ги засега страните, ќе биде разгледувана од заедничка комисија на Црквата и Државата, а не „преку медиумите“, како што характеристично наведоа.
Средбата на Архиепископот и двајцата членови на Редовниот Свештен Синод е одговор на скорешната посетата на Алексис Ципрас кај Архиепископот.
Во петокот Архиепископот и Митрополитите од пограничните острови ја посетија Максимовата палата и остварија работна средба за бегалското прашање.
Извор: Ромфеа
Преземено од: Бигорски манастир