Митрополит Волоколамски Иларион:
За победа над тероризмот потребна е меѓународна коалиција
20 ноември 2015 лето Господово
Само вистинска меѓународна коалиција денес може да се справи со меѓународниот тероризам, изјави за новинарите во петокот Митрополитот Волоколамски Иларион, пред почетокот на заедничкиот состанок на Државната Дума и Советот на Федерацијата.
„За да се победи тероризмот потребна е меѓународна коалиција, вистинска, која не со зборови, туку со дела ќе се бори со оваа ужасна чума на 21 век“. Според него „ние треба да сфатиме дека на Русија денес ѝ е објавена војна. Таа војна ја води терористичката организација која себеси се нарекува ’Исламска Држава‘, но тоа не е војна на исламот против христијанството“, изјави Митрополитот.
Според неговото мислење „луѓето коишто извршуваат такви престапи не се религиозни луѓе, не се служители на Алах, туку се сатанисти што ја исполнуваат волјата на ѓаволот, затоа сиот свет треба да им се спротивстави“. Тој исто така изјави дека „овие луѓе треба да бидат уништени, каде и да се, треба да бидат пронајдени и уништени“.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир