логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Талин, Естонија, 24. февруари 2016

По повод денот на независноста на Естонија македонскиот калиграф и директор на Скрипториумот на Летонската христијанска академија Георги Гоце Дуртаноски оствари прием кај поглаварот на Естонската православна црква - Московска патријаршија, митрополитот Талински и на цела Естонија, Неговото Високопреосвештенство г. Корнелиј и побара благослов за неговата работа во оваа северна балтичка земја .

Средбата помина во срдечна атмосфера во која Дуртаноски го запозна Неговото Високопреосвештенство со неговите активности во промоција и заштита на светското ракописно наследство и одделот на Академијата кој го раководи во соседна Летонија, воедно пренесувајќи искрени поздрави до Естонската православна црква - Московска патријаршија од братскиот православен народ од Македонија и дијаспората обединет во Македонската православна црква - Охридска архиепископија кој оваа година ја одбележува 1100 годишнината од успокојувањето на патронот Свети Климент Охридски.

За архиепископскиот кабинет и библиотеката на митрополитот Корнелиј Дуртаноски подари реплика на македонски ракопис/Бенчевското четвороевангелие од 16 век, книги од богатото христијанско наследство со икони и фрески од Македонија, македонскиот превод на Светото писмо-Библијата, македонска духовна музика и сребрена монета со ликот на Александар Македонски од Музејот на Македонија.

Поглаварот на Естонската православна црква - Московска патријаршија, митрополитот Талински и на цела Естонија, Неговото Високопреосвештенство г. Корнелиј срдечно се заблагодари за посетата на Дуртаноски, го благослови неговиот ангажман за христијанско и славјанско единство возвраќајќи со книги од издаваштвото на Естонската православна црква и упати молитва:

„Секој ден се молам за сите, се молам и за вас, за Македонија и Македонците. При моите литургиски чиночествувања редовно го спомнувам и името на поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г.Стефан кој се наоѓа на мојата листа/диптихот на Естонската помесна црква„.

На средбата со архиепископот Корнелиј присустуваше и проф. д-р Љубов Кисељова која како соработник на митрополитот Корнелиј имаше клучен удел во подготовката на руската редакција на неговите мемоарски записи.

БИОГРАФИЈА НА НЕГОВОТО ВИСОКОПРЕОСВЕШТЕНСТВО АРХИЕПИСКОПОТ КОРНЕЛИЈ

Поглаварот на Естонската православна црква - Московска патријаршија, митрополитот Талински и на цела Естонија, Неговото Високопреосвештенство г. Корнелиј е роден како Вјачеслав Васиљевич Јакобс

на 19. јуни 1924 година во Талин во семејство на руски официр кое пребегало во Естонија непосредно по Октомвриската револуција во Русија. Се школувал во Естонија и Русија.

По советската окупација на Естонија бил осуден на 10 годишна затворска казна за анти-советски идеолошки погледи и за поседување на верска литература и контакти со верници. Половина од затворската казна ја поминал во познатиот камп за политички осуденици Дубравлаг.

Рехабилитиран е во 1988 година. Назначен е за поглавар на Естонската православна црква - Московска патријаршија од страна на рускиот патријах Алексеј Втори во 1990 година, кој исто така е роден во Талин и со кого се познаваат уште од раното детство.

Автобиографските сеќавања (Мемоари) ги објавил пред неколку години под наслов „По мојот пат„.

Митрополитот Талински и на цела Естонија, Неговото Високопреосвештенство г. Корнелиј е најстариот владика/митрополит на Руската православна црква Московска патријаршија, кој за неколку месеци ќе наполни 93 години. Важи за еден од најценетите духовници во православниот свет кој целосно е посветен на верската чистота на црквата и работи за нејзино единство.

ДУРТАНОСКИ ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ НА ТАЛИНСКАТА ШКОЛА ЗА КАЛИГРАФИЈА

Македонскиот калиграф и директор на Скрипториумот на Летонската христијанска академија Георги Гоце Дуртаноски одржа предавање на Талинската школа за калиграфија за старите глаголични и кирилични ракописи од Македонија, а беа разменети идеи и искуства за понатамошна соработка помеѓу двете институции како и размена на студенти од наредната академска година.

Дуртаноски ја посети и Талинската работилницата за рачна изработка на хартија.

Бенчевското четвороевангелие е ракопис од с. Бенче (Македонски Брод) и потекнува од почетокот на 16 век.

Напишан е на убава полууставна кирилица со македонска безјусова редакција, со богата орнаментика чии наслови и почетни букви се напишани со црвено мастило, а останатиот текст со црно мастило.

Оригиналот се чува во Археографската збирка на Македонската национална библиотека / Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски„ во Скопје.

 

Служба за информирање на Светскиот македонски младински конгрес

Фондација Светски македонски младински конгрес. © 2016

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2072
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2090
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 535
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная