Мошти на новомаченици ќе ја обиколат Русија
23 јануари 2017 лето ГосподовоВо текот на оваа година Русија ќе одбележи 100 години од Октомвриската Револуција. Уште на почетокот на годината Рускиот Патријарх изјави дека според него е неумесно да се користи зборот „чествување“, во врска со годишнината од настаните во 1917 година. „Не може да стане збор дека се празнува столетие од трагедијата, туку едноставно свесно одбележување на тој датум, проследено со многу длабоки размисли и искрени молитви, за да можат грешките што ни се случија пред сто години да ги поучат нашите народи и тие да не допуштаат слични грешки во нашиот понатамошна иднина“, нагласи Патријарх Кирил.
Петербуршкиот, пак, Митрополит Варсануфиј објави дека во неговата епархија се подготвува моштохранителница во која ќе бидат собрани сочуваните мошти на сите досега канонизирани новомаченици од времето на комунизмот, коишто ќе ги обиколат сите епархии на Руската Православна Црква. Досега РПЦ канонизирала повеќе од илјада души, пострадани маченички за својата христијанска вера, во годините после Октомврискиот преврат.
Извор: Двери