Во тек е Петровиот или Апостолски пост и Црквата, повикувајќи ги верните на пост во спомен на Петар и Павле, напомнува дека тие пред да го примат Светиот Дух на денот Педесетница, во пост и молитва се подготвувале за сеопштата проповед на Евангелието.
„Постот е најпогодниот период за сериозна работа над себе си. На човекот му се дава време да се избави од гревовите и страстите. Свети Јован Златоуст нѐ поучува: ,Греши оној кој смета дека постот е само воздржание од храна. Вистинскиот пост е оддалечување од злото, воздржание на јазикот, одлагање на гневот, скротување на похотите, запирање на клеветите, лагите и лажното сведочење’. Еве ни добар повод со Петровиот пост да исполниме барем едно од овие наведени барања“, изјави владика Антониј, управителот со делата на Украинската Православна Црква.
Според мислењето на Архиерејот, пост е време за напори да се откажеме од сите гревови, но пред сѐ да се потрудиме да се избавиме од лаги. „Црквата нѐ учи дека вистината е – љубов . Љубов кон Бога и ближниот. Нема ништо повозвишено од таа вистина и постот е еден од патиштата да ја достигнеме. Преку постот човекот понира подлабоко во својата душа и согледува што е тоа што пречи во неговото срце да се зацари главната христијанска добродетел – љубовта. А патот кон љубовта е можен само преку вистината и отфрлањето на лагата“, додаде митрополит Антониј.
„Тој заклучи дека постот ни е даден за да го почувствуваме присуството Божјо во својот живот“.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир