Данков, 12 јуни 2017 г.
Иконата на Свети Николај Чудотворец, која се наоѓа во Тихвинскиот соборен храм во градот Данкова, Липецка област- замироточи. За тоа соопштуваат липецките медиуми.
На иконата се јасно видливи капки, мали потоци течат од Евангелието, прикажано во рацете на светителот. За собирање на течноста, верниците користат парче памук, кој лежи на стаклото на рамката.
Оваа ретка појава, за православните жители во населбата е навистина посебен знак. Во случај ако изворот на благодатното миро продолжи, во Данков ќе дојде специјална епархиска комисија, која ќе биде сведок на мироточението.
Според ректорот на соборниот храм протоереј Владимир Мјасоедов, единствениот феномен се совпаѓа со две значајни настани. Најпрво се ближи прославата во чест на пронајдената икона Тихвинска Богородица, која е точно 200 години небесна зашитничка на данковчани. Второ, во тие денови милиони руси се молат во храмот пред моштите на архиепископот Мирликиски, најпрво поради тоа што за прв пат во овој милениум ја напушти базиликата на италијанскиот град Бари.
Данков. Тихвински соборен храм
На самиот влез пишува: Кој ќе дојде при Мене нема да го отфрлам.
Извор: http://www.pravoslavie.ru/104242.html
Подготви: Снежана Корнет
28-ми април 2017 лето Господово
Извор: http://borbazaveru.info/content/view/9569/1/
Друго:
Во понеделник на Светлата седмица на Атон, Празник на иконата „Сладок бакнеж’’
Што преставуваат предметите во рацете на ангелите?
Протоереј Сергеј Адодин - Лошиот свештеник
СВ. ОТЕЦ ПАЈСИЈ: Ако сакаш да воспиташ дете, држи се до овие правила!
28.04.2017 год.
Преминпортал
Comments
Подготви: Снежана Корнет