Извор: Orthodox Christianity
Нови 52 млади жители на Танзанија се крстија и облекоа во Христа во спомен на светото Христово Преображение.
Ден преполн со Таворската светлина и светлина за просветление на нови 52 млади Христијани, пишува сајтот Friends of the Bukoba Mission in Tanzania. Ова беше најубавиот ден во досегашната 11 месеци долга мисија, кој беше крунисан со преображенската благодат во манастирот на Светото Преображение во Букоба, на бреговите на езерото Викторија.
Манастирот блескаше од необичната светлина на празникот и од благодатта на Светиот Дух кој слезе врз бројните верници. Денес монахот Димитриј, кој време наназад работи на евангелизацијата овде, ги виде плодовите на Божјата мисија во досега најголемиот број нови раѓања во духот на Преображението.
Во чест на овој настан, на присутните верни им беа поделени и 500 православни молитвеници на јазикот Свахили и по 500 икони на Спасителот и на Мајката Божја.
https://bigorski.org.mk/vesti/svet/vo-tanzanija-radost-i-mnogu-novi-ragjanja-vo-hrista/