логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


1. Уште од апостолските времиња, откако, по целата вселена се беше разлеала Евангелската проповед и словото на рибарите се распростанило по целата земја, според пророчкото слово кое вели: “По целата земја се разнесе нивниот глас и нивните зборови дури до краиштата на вселената” (Пс.18,5) и веќе се принесуваа на Христа души достојни за горните свети обиталишта”, Светата Христова Црква била изложена на најразлични напади и искушенија, поттикнати од “таткото на зависта, лукавиот”, како во житието на Светите Петнаесет Тивериополски маченици, раскажува блажениот Охридски архиепископ Теофилакт. “Така лукавиот,...” – продолжува светителот, “...откако виде... ...како луѓето заземаат место на ангелите и се поставуваат таму, од каде тој понапред беше паднал..., ...се поттикна да противодејстува во спасението на луѓето, убедувајќи ги владетелите од разни времиња, царевите и нивните началници да им заповедаат на своите поданици секаква чест да им оддаваат на елинските богови и нивните статуи... , ...а Христа ниту да го спомнуваат...”. “А Христа ниту да го спомнуваат”...

Колку во денешните услови, во кои живее нашиот благочестив и христољубив македонски народ, овие зборови на приснопамјатниот блажен Охридски архиепископ Теофилакт, имаат пророчка сила и вистина во себе. Во време кога во нашата држава, активно дејствуваат силите на богоотстапништвото и релативизирање на Православната Вера, што резултира, во само еден, не малку важен сегмент од мозаикот на македонската апостасија, а тоа е актуелното укинување, по втор пат, на веронауката, која, за жал, ќе забележиме, беше импровизирано и лошо поставена, без идеја, или соодветен план, како истата да се изучува, колку време и кои програмско-методски единици ќе ги обработува итн.; во време кога младите во нашата земја, оставени во состојба на духовна и национална безобличност, наоѓаат “утеха” во современите пороци на денешнината, кои со глобализираната “диктатура на релативизмот”, со чија максима “сеедно ми е”, го водат човекот по нечестивиот пат на погибелта (Пс.1,6), ја уништуваат младата душа оневозможувајќи $ да го спознае вистинскиот и благ Христос, Кој е Вистинската Светлина, Пат и Живот на секое создание, како се пее во божествените химни на Црквата. Во едно такво време притиснати и од политички предизвиканите социјално-економски патешествија на македонската млада држава, нашето општество стана плодна почва за дејствување на разни инославни или подобро противославни, благо речено, деноминации, кои со своите сомнителни и скриени агенди, с# повеќе придонесуваат за понатамошно раситнување на Христовото стадо во нашата Татковина, особено и заради фактот што спорот помеѓу Македонската и Српската Православна Црква сеуште не е разрешен, што пак, како негативна последица се чувствува одделеноста, т.е. изолираноста на македонскиот православен христијанин од соборното содејство и взаемната помош при решавањето на овие акутни проблеми во Православната Екумена. Таквата состојба придонесува кон отуѓување на христијаните од благочестивата вера, која со божествените догмати ја запазиле светите отци на Црквата, вдахновени од Духот, Кој дише во неа и ја тајноводи кон “тивкото пристаниште”, преку “разбранетото море на животот”.

Често од незнаење, а исто така не помалку наивни, пласирани од разни “граѓански” асоцијации, невладини здруженија, промасонски клубови и “експерти” (?!!), изјави од типот: “Духовден е велигден на мртвите...”, “За верата нема место во секуларното општество…”, “Образованието во секуларната држава треба да воспита “добри и послушни” граѓани, а не добри верници...” итн., итн. Таквите изјави с# повеќе завземаат простор не само во македонските медиуми, туку и во душите на обичниот човек, кој за жал се оддалечил од “живата вода”, со која Господ Иисус Христос ја напои жената Самарјанка, а и секој оној кој сака да се спаси.

Денешниот христијанин, соблазнет од искушенијата и сладострастите на овој суетен век, каде на широка врата се враќа и пропагира безбожното идолослужение, а с# помалку има место за Богопознанието, како погоре е напишано “...а Христа ниту да го спомнуваат...”, треба да се потсети на светителите, т.е., “...оние, кои со Божествена ревност имаа полни срца, како испитани војници, се осмелуваа да навлезат во трибините на нечестивите цареви и началници, како меѓу непријателски фаланги и да проповедаат, дека Христос е навистина Син на Бога, Единосуштен Нему, од Него роден пред сите векови, а во последните времиња станал Човек, Кој низ крстните страдања и смртта” ни подари безстрастие и безсмртност со всеславното Свое тридневно Воскресение.

2. На поставеното прашање, што да се прави, или како современиот христијанин да се избави од собласните замки на лукавиот век, со устата на отците ќе одговори во една своја посланица, Високопреподобниот старец Ефрем, игумен на светогорскиот манастир Ватопед,  потсетувајќи н# на учењето на Св. Отци – “коливарите” од 18 век, Св. Никодим Агиорит, Св. Атанасиј Париос, Св. Макариј Коринтски, чија главна задача била, “да со проповед и со сопствен пример да им укажат на верните како треба да живеат вистински, внатрешен живот во Христа”. Тие биле, според зборовите на игуменот, вљубеници во службата Божја. Препорачувајќи непрекината духовна борба, заповедале строго придржување до црковниот Типик, како и проучување на текстови кои помагаат на верните да се приближат до светоотечкиот дух на исихазмот. Со оставениот аманет  на блажениот старец Ефрем Катунакијски: “Тоа што примивме, ви го предаваме”, високопреподобниот светогорски игумен, ќе заклучи: “Животворниот нектар на нашето Предание, претставува утеха, радост и ослободување од гревот; тоа е лек за современиот, преоптеретен човек, кој му дава исцеление од стресот, несигурноста и постојаната празнина. Ако сакаме да пиеме од тој нектар, потребно е да ги запознаеме чуварите на ова наследство, да ги слушаме и следиме нивните совети”.

3. Во овој момент неминовно се доаѓа до можеби, најважниот кластер на прашања кои се исправаат пред секој здравомислешт христијанин: Која е мојата вера, во што се состои, како верувам, како исповедам, кое е учењето на светите отци? Ако во една реченица се парафразираат наведените прашања, веројатно наједноставно би се дошло до стартна позиција за одговор на истото, доколку се одговори на дилемата, колку ние, како  православни христијани, ја познаваме сопствената вера која ја примивме од светите отци, исповедници, преподобни, маченици, богослови на Црквата? Не сакајќи да навлеземе во бесплодна статистичка анализа на тоа кој колку знае или обратно, целта на ова пишано размислување, или подобро расудување, е да го поттикне, т.е., да го охрабри читателот, вклучително и пишувачот на овие редови, што повеќе да се запознаеме со делата на светителите, кои го содржат целото Предание и искуство на Православието и  кои сето учење на Црквата н$ го предале чисто и неосквернето од секакви влијанија и ереси, за да можеме и ние истата православна и спасителна наука, во ова коварно и суетно денес, не само да ја сочуваме чиста, но и да ја одбраниме од нападите на “поднебесните духови на злобата” завиткани во ласкавото и лукаво насмеано лице на глобализмот и релативизмот, кој сака с# да потчини на својата душепогубна волја. Затоа пророчки Свети Павле - апостолот просветител и на македонската земја во една посланица ќе н# предупреди: “С# ви е дозволено, но не ви  е с# полезно”.

4. Вознемирени од сознанието дека на извесни масонски групи и здруженија, од страна на црковните власти им е дозволено во македонските свети храмови и манастири, облечени во нивните одејанија да вршат идолослужни и безбожни ритуали, со присуство и учество на православни свештеници, особено и заради поразителниот факт дека спомнатите безбожни ритуали на инославни и противославни групи, како позитивен пример и прилог беа објавени во еден од македонските јавни медиуми, во прилог на досега кажаното, односно за важноста на познавањето на основните вистини на верата, односно православното исповедание на истата, чувствуваме силна потреба да се потсетиме на  Оросот (исповедање) на верата, со благодатта на Светиот Дух, предаден нам, православните, од страна на божествените отци од Четвртиот Вселенски Собор свикан во Халкидон 451-вата година, кој го содржи јасно изложено учењето на Црквата за Христа како Богочовек.

Околностите под кои е свикан Четвртиот од Седумте Свети и Вселенски Собори, биле поразлични од оние во кои биле свикани претходните три Собори и како тоа не е тема на ова писание, нема да пишуваме за нив, туку оставаме на богољубезните читатели на овие редови самите тоа да го направат. Она што е важно да се забележи, дека целта и смислата за свикувањето на овој велик Собор во Халкидон била да се одбрани верата од злочестивите учења на еретиците кои вооружени од “заколнатиот непријател на нашето спасение, и началозлобната змија” подигнале горка војна против Православието и Црквата и со тоа нанеле не мало зло, како со својата благоглаголива уста раскажува спомнатиот блажен охридски првоерарх Теофилакт. Уште од древноста, непријателите на вистинската вера во Единиот и Вистински Бог, откако виделе дека со меч и крв не можат да го уништат Христовото стадо, туку напротив се умножија верните на Христа, се обидоа, а и до ден денес се обидуваат, облекувајќи овчи кожи, со погрешни и еретички учења да внесат смут и неверство, помеѓу верните, да би некако, овие последните, како западнат во смртоносните заблуди на ересите, на крајот и сопствената душа да ја предадат на погибел. Токму затоа на Светите и Велики Собори на Православната Црква, апостолското учење било прочистено, како златото, од туѓите душепогубни учења, било предавано на божествениот оган, Светиот Дух, Кој по ветувањето на Господа наш Иисуса Христа, слезе врз апостолите и преку нив, врз секој оној кој е миропомазан со “печат дара Духа Свјатаго”, т.е. врз сите оние “кои во Христа се крстија”.

Дека учењето на светителите од првите векови, па до денес е она истото древно апостолско учење и вистина за спасението на човечкит род, кое Искупителот наш, Господ Иисус Христос им го предаде на своите божествени ученици апостолите, новопросијалиот светител од нашите дни, светиот архиепископ Серафим Соболев во тој контекст ќе забележи: “Господ на апостолите им ги открил сите вистини на кои требало да ги научи, а преку нив и на сите нас. Впоследствие благодатта на Светиот Дух ги воспроизвела тие вистини во нивниот ум и со апсолутна правилност им го изјаснила целото Божествено Откровение, донесено на земјата од Богочовекот, воведувајќи го нивниот разум до длабочините на Божествениот Христов ум. ( Види 1.Кор.2.10-16 (заб.на редакт.)). Затоа во тој однос, не може да се говори дека апостолите воведувале нови догматски учења во споредба со тоа Христово учење кое го запишале или го предале усно. Движени од истиот Свети Дух, и светите отци на Црквата, го насочиле целото свое богословие, не кон откривање на нови догматски вистини, туку кон тоа – да ги сочуваат, неповредени од еретичките искривувања, вистините на нашата православна вера, која тие ја примиле од апостолите; да ги систематизираат за успешна борба со ересите; да ги облечат во општодостапна форма за разбирање, за да можат верните, не само разумно да ја исповедаат својата вера, но секогаш да се спремни да дадат одговор за нашата надеж на секој, кој тоа ќе го посака (спореди 1 Петар 3,15)”. Во контекст, повторно Св.ап. Павле за верата, односно за учењето на апостолите, ќе напише: “ Но дури и ние, или ангел од небото да ви благовестеше нешто друго од она, што ви благовестевме ние, нека биде анатема!” (1 Гал. 1, 8-9).

5. Во периодот пред свикувањето Халкидонскиот Собор, тринитарните спорови  од четвртиот век ( учењето на Црквата за Бог – Света Троица и борбата против аријанството и другите ереси итн.), во својата суштина имаа пред с#, христолошки карактер. “Великите отци од тоа време со полна очигледност покажале дека верата во Христа како Спасител, претпоставува исповедање и полнота на Божеството и полнота на Човештвото во Него. Зашто, само на тој начин, во Христа вистински би се извршило велокото соединување на Бога и човекот и би се открил патот кон “обожението”, во кое отците ја гледале смислата и целта на човековото постоење.” - ќе заклучи познатиот современ богослов и професор о.Георгиј Флоровски.

Сега, пред Св. Отци од В век претстои нова тешка задача. Тие треба да го формулираат христолошкото учење на Црквата, кое ја осветлува тајната на Боговоплотувањето, т.е. начинот на соединување и единството на Божествената и човечката природа во Лицето на Господа Иисуса Христа. Ова  учење е особено важно поради неговата директна поврзаност со прашањето за човечкото спасение.

Соборот во Халкидон бил свикан како православен одговор новопојавената ерес – “монофизитството”, кое се појавило како крајна спротивнопоставена реакција на погрешното учење на константинополскиот архиепископ Несториј. Со неговото име црковната историја го идентификувала “несторијанството”, кое неправилно го објаснувало односот помеѓу двете природи на Христа – Божествената и човечката и ги разделувало, припишувајќи ги на две одделни лица. Третиот Вселенски Собор во Ефес во 431 год. веќе ја осудил оваа погубна ерес на Несториј. Монофизитството, пак од друга страна, ги соединувало двете природи во Христа, така што всушност ги слевало: Божествената природа ја “впивала” (проголтувала)  човечката. Од тоа логичен заклучок би бил дека Господ Иисус Христос не е Богочовек, а само Бог. Но бидејќи Бог не може да страда, следователно Христовите крстни страдања, поднесени за нашето искупување, биле по логиката на монофизитството, само привидни, зашто во нив човечката природа не учествувала потполно. Оттука монофизитството, како и несторијанството, водело до одрекување на искупувањето на човечкиот род, извршено од Спасителот.

Затоа важноста на православното исповедање на верата било од особено значење. Поради тие причини во 451 година, во храмот на многупочитуваната од жителите на градот, Светата маченица Ефимија Всехвална, 630 отци под претседателство на Константинополскиот патријарх Анатолиј го донесле Оросот на верата. Високопреподобниот архимандрит Серафим (Алексиев) во контекст на формулацијата на донесениот Халкидонски орос на верата ќе запише: “Без ипостасното соединување на всецелата Божествена природа со всецелата човечка природа во Лицето на Спасителот, не би можело да се изврши искупувањето, зашто човекот Иисус не би можел да го спаси светот, а Бог не би можел да пострада за човештвото. Ако Иисус беше само човек, не би можел да ја покаже Божјата љубов во нејзината потполна, целосна величина, како што во дејствителност ја изјави на Голгота Богочовекот Христос. А ако Спасителот беше само Бог, не би мжел преку страдања и смрт да ја удовлетвори вечната правда. Затоа Спасителот се јавил како воплотен Бог во човечка плот, како Богочовек”.

Чудото кое се случило пред моштите на Светата маченица, кои почивале во храмот, ја потврдило вистинитоста и правилноста на донесениот Орос (исповедание) на православната вера. Имено, откако православните и монофизитите ги напишале своите исповеданија на хартија и ги поставиле во раката на светата маченица, по три дена пост и молитви, го отвориле, со царски печати, затворениот кивот во кој се наоѓале моштите, го нашле православното исповедание во раката на светителката, а свитокот со монофизитското под нејзините нозе. Чудото било уште поголемо, кога патријархот Анатолиј се доближил да го земе од раката на Св. Ефимија православниот свиток, самата маченица ја протегнала раката и му го подала. Така уште еднаш Св. Ефимија Всехвална ја посведочила вистинитоста на православната вера, за која го положила и својот живот, приведувајќи многумина од заблудените кон Црквата.

6. Пред на крајот, во целост биде пренесен Оросот на православната вера на Отците од Халкидон, важно е да биде потенцирано дека ова писание нема за цел да осудува, или да повикува кон некаков неразумен зилотизам, туку истовремено со обидот да ја подигне свеста за Црквата и верата кај православниот христијанин во нашата земја, упатува апел до секој член на Едната Света Соборна и Апостолска Црква, со големо внимание да се однесува кон вечните и спасителни вистини на Православието и не туку така, било од незнаење, игнорантност, безрасудна толерантност, да дозволува и да ги предава на заборав спасителните, аманетни од отците, средства за нашето спасение. Слободата и одговорноста на Православниот Христијанин е да го дигне својот глас против новотариите, нечесностите, понижувањето на верата и против секуларизацијата, не само на македонското општество, но од таа болест на “новото време” нејмногу треба да се пази самата Црква и верните, зашто секуларизирањето на традициите, преданието, ноншалантното релативизирање на Светите Канони и правила на Православната Црква, се духовна чума од која може да загине цел еден народ. И што сме направиле, ако на својата душа сме $ нанесле зло – со трубен глас повикуваме со овие евангелски зборови на Спасителот. Можеби смислата на последно напишаното и причините на поднесувањето на едно вакво подобно писание, без да се амнестира себеси од горенапишаното и составувачот на истото, најдобро ќе ја изрази Светиот апостол Павле во своето Послание до Ефесјаните (Ефес.1,17-23 ) : “...та Бог на нашиот Господ Иисус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение, за да Го познаете, и да ги просвети очите на срцата ваши, за да увидите, во што се состои надежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите, и колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме преку дејството на Неговата крепка сила. Таа сила Он ја покажа во Христа, кога го воскресна од мртвите и Го постави од Својата десна страна на небесата, повисоко од секое началство, власт, сила и господство и од секое име, со кое се именуваат не само во овој свет, туку и во идниот, и с# му покори под Неговите нозе и го постави глава над сите во Црквата, која е Негово тело, полнота на Оној Кој исполнува с# во с#”.


 + + +

ХАЛКИДОНСКИОТ ОРОС НА ВЕРАТА

...”И така последувајќи на Светите Отци, сите согласно ги поучуваме да Го исповедаат Едниот и истиот Син, Господ наш Иисус Христос, Него истиот совршен по Божество и Него истиот совршен по човечанство, и Него истиот вистински Бог и вистински Човек, од разумна душа и тело, едносуштен на Отецот по Божество, и Него истиот едносуштен нам по човечанство, во с# подобен нам освен во гревот, роден (уште) од вечноста од Отецот по Божество, и Него истиот во последните денови заради нас  и нашето спасение од Дева Марија Богородица по човечанство. Него Едниот и истиот Христос, Синот, Господ, Единороден, во две природи неслиено, неразлучно (неодделиво, неодделно (мак.)) познаван, така да со соединувањето не е нарушена разликата на (меѓу) природите, туку уште повеќе е сочувано својството на секоја од природите и се соединува во едно Лице и една Ипостас – не во две лица раздвоен или разделен, туку во Него истиот едниот Син, Единороден Бог Логос, Господ Иисус Христос, како што најпрво н$ (објавија) пророците за Него, и како што нас самиот Господ Иисус Христос нe научи и ни го предаде Символот на Отците.

Кога така со грижливост и складност ова го изложивме, Светиот и Вселенски Собор одлучи да на никој не му дозволи да произнесува друга вера или да пишува или да составува или да домислува или да учи друго. А оние кои се осмелат да составуваат друга вера или да проповедаат или да учат да предаваат друг Символ на оние кои сакаат да се обратат кон познанието на Вистината од елинизам (многубоштвото) или јудејство или каква било друга ерес, таквите, ако се епископи и клирици, епископите нека бидат туѓи на епископството, а клириците на клирот, ако се монаси или лаици нека бидат проклети (анатема)”...


Сија вера апостолскаја, сија вера православнаја, сија вера вселенују утверди

Автор: A.E.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная