логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Esen.manastir1.jpg

Христологија на св. Максим Исповедник

 Не случајно, централна тема во творештвото на св. Максим Исповедник, на која што тој го посветува и целиот свој живот, е учењето за двете волји и двете енергии (дејствија) во Христос (Христологијата). Тука всушност станува збор за реалноста на спасителното дело  на Исус Христос на земјата. Преку него се поставува и радикалното прашање за смислата и содржината на целата таа спасителна драма. Па затоа и можеме да кажеме, дека ако Христос не го покорил злото со Својата човечка волја, тогаш и луѓето, или всушност кажано сите ние не сме својствени кон таа Христова победа.

Секој еден, кој што исповеда една волја во Христос, застранува од православното христијанско учење и тоа многу. Затоа што, што по нечестиво  (демонско) е од тоа да се каже, дека со една и иста волја, Тој пред воплотувањето создал од небитието сé што постои, и го запазил и се грижел за него, и спасително го раководел, а после воплотувањето, посакал да се храни и пие, и одел од место на место, и ги извршувал сите останати дејствија.

Еден е Христос без сомнеж. Бог и човек едновремено. Според тоа, штом Христос е по природа и Бог и човек, Тој сакал и како Бог и како човек, затоа што Христос не е ништо друго освен Своите природи коишто и во коишто постои. Според тоа и Христос сакал и дејствувал во соодветност со Своите природи. И ако Христос сакал и дејствувал во соодветност со Своите природи, тогаш со сигурност и со неговите природни волји.

Исто така, не е возможно со двете волји да се воведуваат  и две лица, затоа што ако прифатиме, дека заедно со одделните волји се воведуваат и одделни лица, коишто ги поседува, тогаш без сомнеж, ќе биде возможно и обратното расудување, според кое што и заедно со двете одделни лица се воведуваат и две отделни волји. Тие две отделни волји во Богочовекот, важно е да кажеме, дека никогаш не влегуваат во противречноста помеѓу себе, затоа што Бог не е создател на противречијата. Накратко кажано, волјата е во природата. Таа како и видот постои по природа во нас и е својствен на сите, кои што имат природа и потекло еднакво на нашето.

Неговите две природи, ниту пак својствените својства, немаат ништо заедничко, освен ипостасот на тие две природи,  исто така и на нивните природни квалитети. Отците на Црквата, чиишто слова се закон за Црквата, ги нарекуваат заеднички и славата, и страдањата на Христос. Но, тие го кажале тоа имајќи ги во предвид взаемните дејствија. А очигледно е, дека взаимното дејствие постои не помеѓу едно, а помеѓу две нееднакви работи. Во својата взаемна врска природните својства на секоја една од двата дела на Христос постанале својствени и на другата, но без никакво сливање или помешување на едниот дел со другиот во однос на природниот логос. Следејќи ги светите отци како по сите прашања така и по ова, велиме дека, истиот Бог, Седржител, кога станал по необјаснив начин човек, истиот Тој поседувал и волја, која што била својствена на Неговата човечка природа. Затоа што создадените (ние) ја поседуваат способноста на постоечкото да се запазува, тогаш според таа способност во нив по природа е заложено во нив да чувствуваат стремеж кон тоа што ги запазува (заштитува), и да го одбегнуваат она, што ги заплашува со уништување. Според тоа, натприродното по својата суштина Бог Слово по Своето воплотување ја поседувало истата способност за да се запазува.

Христос ги пројавувал Своите волји во соодветност со Своите природи, решавајќи како Бог и потчинувајќи се како човек. При тоа природите си остануваат неслитни, затоа што не е возможно да се слеат во една волја безначалното и она што има свое начало (почеток), Нетварното и тварното, Бескрајното и ограниченото, Она коешто вдахнало божественост, и она коешто ја примило божественоста.

 Христос целиот беше Бог со човештвото, и целиот беше човек со божеството. Како човек го потчини во Себе и преку Себе човечкото на Бога и Отецот и се даде Себе Си како совршен пример за усовршување, за да може и ние, созерцавајќи го како „началник на нашето спасение“ доброволно да се присоединиме кон Бога, сакајќи го единствено тоа, кое што Тој го сака.

Ние по природа го поседуваме стремежот кон она, кое што едноставно по природа е добро. Искуството за придобивање на доброто го придобиваме преку истражување (испитание) и размислување. Затоа кај нас луѓето, е нормално да се збори за возглед, кое што е начин за употребување на нашата природа. Но кај човечкото кај Бога, Којшто имаше човечка ипостас, не по едноставен начин како кај нас, а по божествен, бидејќи беше Бог, не може да се збори за возглед, затоа што самото негово битие, по божествен начин ја имаше во својата природа, својственоста на доброто и отсуството на злото, како што учи великото око на Црквата св. Василиј Велики во своето толкување на 44-ти псалм велејќи: „Во таа смисла да го разбираме кажаното за Него од Исаија, а имено: „Пред да знае детето да го избере злото, ќе го избере доброто“ (Ис. 7, 6). Според тоа можеме да кажеме, дека Тој не го постигнал како нас доброто преку истражување (испитание) и размислување, а го имал доброто според природата во Својата ипостас, чие што постоење е по божествен начин.

            Во Светото Евангелие е кажано за Господ: „На другиот ден Исус намисли да отиде во Галилеја“ (Јован. 1, 43). Јасно е, дека посакал да отиде поради тоа што не се наоѓал таму. А не се наоѓал таму по човештво, затоа што по божество не отсуствувал од никаде. Значи не како Бог, а како човек посакал да отиде. Според тоа, како човек поседувал волја. Христос како човек, а не како Бог го нарекува Отецот како Свој Бог. А ако за Него како човек, а не како Бог, Отецот е Бог, значи како човек сакал да ја исполни волјата на Отецот, а не како Бог. Затоа што бидејќи Бог по суштина, волјата на Отецот е и Негова. Ако тоа е така, значи Тој поседувал волја не само како Бог и единосуштен на Отца, но и како човек единосуштен нам.

            Христос, исто така, поседувал волја и во Својата божествена природа. Тој кажал: „Како што Отецот воскреснува од мртви и оживува, така и Синот ги оживува оние, кои што сака“ (Јован. 5, 21). Ако сврзникот „како што“ се искористи за да се изрази една компарација, а компарацијата се прави помеѓу еднакви по својата суштина работи, тоа значи дека е невозможно да е изречено во врзка со човечкото во Христос. Според тоа, Спасителот не учел, дека како што Отецот според Својата волја ги оживувал мртвите, бидејќи е Бог, така и Тој Самиот, бидејќи е во единство по волја и суштина со Отецот „ги оживува оние, кои што сака“.

            Христос е различен по дејство од Својот Отец и од Својата Мајка, како што е различен и по ипостас. Затоа што навистина Христос не е ниту едниот ниту другиот. Ако признаеме две дејствија во Христос поради разликата на Неговите две природи, а не поради Неговото едно лице, можат да се пронајдат и две дејствија и во човекот, заради суштинската разлика на неговата душа и на неговото тело. Ако е така дејствијата во Христос ќе бидат три, а не две. Затоа ако според тие мислители, заедно со дејствијата се воведува и лице, а примат дека, од едниот и ист воплотен Бог Слово произлегуваат многу дејствија, тогаш ќе треба да се придадат кон секое дејствие и соодветно воведено заедно со него лице – и по тој начин ќе бидат пронајдени безброј како што лица, така и дејствија во Него.

            Зборот „богочовечко“ не покажува едно дејствие, а напротив, тој по описен начин ги избројува двете природи и двете дејствија во Исус Христос. Ако зборот „богочовечко“ покажува едно дејствие, Христос како Бог, ќе има различно дејствие од тоа на Отецот, бидејќи дејноста на Отецот не е богочовечка.

 

 

 

(Кратка разработка на делото „Препирката со Пир“ од св. Максим Исповедник)

           

Изработил: проф. м-р Дарко Милев



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная