логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Esen.manastir1.jpg

(Православна екологија)

 

 

          Во почетокот на својата историја, човекот живееше во хармонија со светот кој што го заобиколува. Но за кратко време таа врска се наруши со извршувањето на првиот грев. Многу од дејствијата на човекот после првиот грев не се разбираат и нивниот смисол останува нејасен, поради кое што и последиците се објаснуваат различно.

          Во XIX в. постепено се раѓа науката за светот и природата – екологија. Ернест Хекел го создава нејзиното име од старогрчкиот збор oikos – дом, место, кое што е населено. Според него екологијата е наука за врските на живите суштества со природата. Независно од обемот на еколошките познавања на луѓето кои што ги имале, тие секогаш го чувствуваат светот како свој дом и се грижат за него.

          Од гледна точка на христијанското богословие нашата земја не е само место за живот. Таа е создадена од Бога со повозвишена цел. Видливиот свет е дело на Творецот, во кој што Тој се пројавува заради нас. Но тоа не е се. Бог прими човечко тело и на нашата земја го изврши изкупувањето на човештвото.

          Според кн. Битие постои онтолошка врска помеѓу Бога, природата и живите суштества. Затоа сé она што постои произлегува од Бога и се стреми кон Него. Човекот го користи физичкиот свет и е одговорен за природата како нејзин господар и нејзина физичка рожба: „А го создаде Господ Бог човекот од прав земен ...“ (1. Мој. 2, 7); „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги рибите морски, и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја ...“ (1. Мој. 1, 28).

          Природата (=физичкиот свет) е поим со неколку димензии. Прво според нашето разбирање за светот таа е сотворена од Бога материјална суштност. Со зборот природа ја именуваме исто така и природата (суштината) на државата или природата (суштината) на социјалниот живот и др. Персоналната карактеристика на еден човек се именува исто така со „природа“.

          Многумина од христијаните како да не ја чувствуваат битијната врска со природата и не се однесуваат со необходната сериозност со неа. А нашето лошо однесување со природата е резултат на недоволното познање на неа. Овде ќе се подсетиме на еден факт. Природата  е единственото место каде што се наоѓа гревот. За тоа сведочат средновековните аскети.

          Првиот човек е воведен од Бога како господар во овој свет. За мнозина од луѓето зборот „господарување“ поради незнаење значи, искористување на земните блага, непријателство па дури и насилство врз Божјата творба. Се разбира, тоа разбирање е неправилно и неоправдано. Од библискиот текст во 1. Мој. 1, 28 разбираме за зададената нашата обврзка кон животните и светот: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа ...“  

          Според Божјото ветување човекот треба да биде добар господар на земјата и умерено да ги користи нејзините блага. Во спротивно ние доживуваме лоши последици кога се однесуваме авантуристички кон светот.

          Произлезениот од човекот грев, ја засега и еколошката хармонија во светот. Заради универзалноста на Христовата жртва земјата се обновува и си ја враќа својата првобитна сила и убавина.    После радикалната промена во поведението на првите луѓе – оддалечување од апсолутното добро – Бога, и паѓањето во стапицата на сатаната, Адам и Ева започнуваат со тежок физички труд да се хранат и веќе да живеат заедно со веќе недруштвениот животински и растителен свет. Природата ги сокрива од човекот своите тајни и не дозволува тој да се преобрази во нејзин зол владетел. Многу работи во светот започнуваат да го плашат човекот и тој започнува да се однесува кон Божијата творба со страв и недоверба. 

          Прашањето за светот и нашиот однос кон него е и антрополошко прашање. Колку подобро се познаваме себе си, толку појасно ќе ги разбереме нашите обврски кон физичкиот свет. Човекот произлегува и од природата, каде што завршува и неговиот земен пат. Во тој смисол, еколошките проблеми се однесуваат до нашиот целосен социјален и црковен живот. 

          Гревовите на луѓето продолжуваат да се одразуваат и врз природата, која што страда заедно со нас. Истовремено таа учествува во целокупниот изкупителен процес. 

          Човекот е сврзан со природата преку своето битие, поради што таа се изразува како состојбата која што ја преживува тој. Кога човекот ќе започне да се однесува разумно со природата, тогаш ќе возникне „втората природа“, која што ќе го изразува новиот квалитет на односите човек – природа. 

          Во темата Бог, свет, човек се изразуваат многу аспекти, од кои што два се особено важни. Од гледна точка на христијанското учење творението има значење, кое што е соодветно на неговата определеност. Тоа значење особено го забележале св. Јован Златоуст и св. Василиј Велики во чии што литургии се вели: „Твои од Твоите, Тебе Ти ги принесуваме за сите и за сé“. По тој начин творението пак и пак му се принесува како безкрвна жртва на Творецот, возпоменувајќи ја по тој начин жртвата која што Господ Исус Христос ја принесе за изкупувањето на паднатото човештво. Затоа можеме да кажеме дека и природата учествува во спасителното дело на Светата Троица.

          Секое живо суштество и растение има има свое место во одредено време од историјата на светот. Секое нешто има свој смисол и ништо не постои надвор од Божјата воља и Неговиот универзален промислителен план за спасението на човекот. Таа поврзаност е разбрана јасно од старозаветните автори и пророци. Сé во овој свет е добро и служи за конкретни и повозвишени цели: на човекот, семејството, обштеството, Црквата и т. н.

          Темата за светот може да биде дискутирана поуспешно во контекст на антрополошките истражувања и во социолошки план. Надвор од животот на обштеството и материалните и духовните потреби на човекот таа го губи своето вистинско значење.

          Според учењето на Црквата достоинството е големо како на човекот, така и на сотворениот од Бога свет. Тоа се потврдува преку Боговоплотувањето, при кое што Божиот Син се роди во човешко тело како нашите тела. Во Неговото човешко тело се содржат сите составки на небото и земјата. Правта, од која што е образувано нашето тело, стана тело и на Христос. По тој начин Спасителот одново ја освети онтолошката врска помеѓу човекот и природниот свет.

          При преображението на Исус Христос повторно се раскри идната состојба на материјата и светот. Во божествената творешка светлина сé свети: телото на Христос, Неговите алишта и местото околу Него. 

          Можеби хармонијата во нашиот свет немаше да се наруши, ако не се вмешаше сатаната. Падот на нашите прародители Адам и Ева создаде нови односи помеѓу човекот, Бог и природата. Одтогаш многу дела во овој свет се извршуваат со помош на сатаната. Се разбира, Бог го допушта злото да се пројавува во светот со ограничена сила во светот, заради нашата духовна корист.

 

Подготвил:

проф. м-р Дарко Милев



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная