логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


24 септември 2014 г.

 

Beauty.Macedonia.jpg


Фотографии од Дејан Крајчевски изложени во Германија

 

Beauty.Macedonia.jpg


Во Универзитетската библиотека во Бохум, Германија, во тек е изложба на триесет и пет фотографии од Дејан Крајчевски, филмски професионалец и член на Друштвото на филмски професионалци на Македонија. Фотографиите се од повеќе места низ Македонија настанати при бирање на локации за снимање долгометражни и краткометражни филмови.
„Кога сум во потрага по локации за снимање на сцени од некој филм, не можам а да не бидам восхитен од убавината што ме опкружува, па дури и трогнат од интересните појави и пејзажи на мојата земја.  Често сосем сам и на ретко посетени места, многу пати сум бил едноставно обземен од она што се простирало пред мене. Преку фотографиите, се обидувам да го фатам она што ми се чини момент на посебност“, вели Крајчевски.
Во најавата за изложбата, на веб страницата на Библиотеката, се вели: „Со оваа изложба на фотографии сакаме да доближиме дел од природните убавини и културното наследство од Република Македонија, мала континентална земја во јужниот дел на Европа... Македонија е позната по своите прекрасни планински села, природни тектонски и глечерски езера, реки... Исто така, Македонија е вистинско богатство на културно наследство од Палеолитикот па сè до денес. Богата е со археолошки локалитети -  храмови, базилики, амфитеатри, бањи, мозаици, антички и ранохристијански скулптури, тврдини, цркви, манастири и отомански џамии, фрески и бесценети икони од средновековниот период, најголемиот дел од нив со големо уметничко значење.“
Дејан Крајчевски веќе петнаесет години е дел од македонската филмска фела, и учествувал во снимањето на повеќе од дваесет долгометражни и краткометражни филмови, телевизиски серии и бројни реклами како организатор, менаџер на локации и продуцент. Во моментов е на студии по продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Изложбата ќе биде отворена до 10 октомври.
http://www.ub.rub.de/DigiBib/Aktuelles/makedonien.html 

Beauty.Macedonia.jpg

 Beauty.Macedonia.jpg



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? Поради задоволувањето на нашите страсти, кои ни станале поважни од Него. Примерот со луѓето од земјата Гадаринска ни покажува дека ним им беа многу...

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

« »