логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Томислав Османли, лауреат на наградата „Роман на годината“

Книжевните резултати се нашиот дом во вејавиците на неизвесните, ќудливи времиња на дваесет и првиот век

 


Вашиот прв роман „Дваесет и првиот“ годинава е награден со „Роман на годината“ на „Утрински весник“. Добивањето на признанија за секој автор претставува задоволство, но и обврска. Чувствувате ли товар од добиените награди?

-Товар, верувам, можат да бидат само ние награди што доаѓаат незаслужени, неодработени со книжевен напор и уверлив резултат. Наградите се своевидно возвишување на авторот по повод неговата грижливо создадена творба. Судејќи по образложението на одлуката на едно мериторно жири што одлучувало меѓу квалитетни романескни творби, наградата за роман на годината на најубав можен начин ги потврдува оценките што „Дваесет и првиот“ ги доби и во претходниот јавен дискурс и критички одгласи што се појавија од неговата промоција до денес. Книгата се чита и се препорачува за читање, тоа и мојот издавач „Блесок“ и мене не прави особено задоволни. Наградата на Вашиот Весник за роман на годината, пак, доаѓа како врвна и институционална потврда на добриот глас чии одѕиви овој роман, на моја радост, непрекинато ги добива.

Уште од насловот навестувате интересно остварување. „Дваесет и првиот“ се однесува на 21 век и претставува мистичен, но и рафиниран роман за потрагата по тајниот премин кон подобро утре, кон подобрите места... Од каде идејата за ваков наслов?

-Всушност, од комплесната приказна во која се обидов да изградам милтинаративен мозаик за совремиево кое не се прикажува на низа необични, фантастични, по некогаш дури и апсурдни начини на манифестирање. Последните децении на минатиот век ги живеевме во стравови и фрустрации од тоа што нам - вакви мали и незначајни како географска и бројна величина - не подготвува историјата; особено во времето од преломот меѓу двете столетија што, ете, не било судено да го населуваме. Ние поминавме распад на една држава, почнат како драма, завршен како трагедија, преживувавме бомбардирања во соседството, самите се соочивме со воен конфликт, на самиот праг од штотуку почнатиот нов век, но едновремено станавме сведоци и на еден уште покрупен судар, оној што започна со терористичките чинови на Америка, па продолжи да се случува во Авганистан, Ирак, Пакистан…а потоа експлодира како закана насекаде низ светот, дури и онаму кадешто до вчера постоеја островите од архипелагот на западната благосостојба; цитаделите на безбедноста презаситени од потрошувачка здодевност и социјален спокој. И ненадејно, сето тоа се смени. Се пресврте таа реалност и наеднаш не само нејзините стари места на потрес, туку сета планета стана жариште на нестабилност, несигурно место за живеење, па нашата сопствена несреќа, среде колосалната конвулзија на современиот свет, во тој нов контекст почна да се чини речиси безначајна. Тој пресврт веќе во себе содржеше една тајна; стана мистерија на нашето вкупно, ново постоење во новиот свет на – Дваесет и првиот век. Ете од таму и насловот во кој е концентрирана сета драма и неизвесност на нашето ново постоење во еден свет полн со агресија и со експлозивни потреси, луѓе бомби и производство на жртви и една крајно неизвесна перспектива, што ги надминаа и оние што сите ние тука травтатично ги доживеавме на прагот од столетиево. Знаев само дека таа голема слика за времето што ни претстои која се зафатив текстуално да ја градам, не треба да е патетична, туку треба да се движи во една динамична нарација, од реалноста кон фикцијата со еден ироничен поглед врз чудата што наеднаш почнаа да ни се случуваат во новото време. Тој пристап се покажа книжевно продуктивен.

Романот е многуслоен и е остварен како панорама на ликови и судбини, кои судбински се пресретнуваат. Секој од овие ликови е реализиран во посебноста на неговиот говор, а поединечно ликовите се самоогласуваат со нивната посебност. Постојат ли тие во реалниот живот? Имавте ли некого на ум кога го пишувавте романот?

-Благодарам. Галеријата на ликовите на романот „Дваесет и првиот“ е бројна. Мислам дека во неговиот тек се водат дури триесет и два лика. Таа галерија опфаќа наши и млади карактери чијшто проблем е неможноста да се реализираат тука, дома, па затоа избираат да заминат надвор по старите патеки што станаа наш социјален, потоа и книжевен код низ новите форми на печалбарењето; питомиот свет на еден професор занесен во своето оптимистичко исчекување на конечното пристигање на среќните времиња за оваа земја што никако да дојдат; добомислени дервиши и чудни старици од заборавените православни храмови и теќиња на Охрид, пријателски соработувајќи во заедничката мисија на чување на подземните премини од кои фучат сенишните сили што го загрозуваат овој свет; потоа една галерија Американци припадници на различни раси, деноминации, полови ориентации и културни идентитети, што ги прекршува неочекуваниот тек на настаните и нивните судбини; во романот потоа се појавуваат многу фиктивни историски личности што како сеништа и призраци доаѓаат од минатото и од „оној“ свет, но непопустливо се обидуваат да ја влијаат оваа наша жива, денешна стварност со своите покојни идеи… Во сиот тој сложен контекст, одговорот на Вашето прашање би бил: и да, и не. Ликовите во романот се стремат да станат фикциони и фантастични, но и такви, верувам дека тие живо ја осликуваат реалноста каква што ни е наметната од некои задгробни и историски сили што нашава современост се обидуваат да ја држат во сенишните пранги на одамна мртвите вредности. При тоа дури и таа галерија макабристички ликови е различна по својата карактерологија. Некои се етички декадентни и носители на отровни идеи и поведенија, некои се меланхолични сеништа, некои се проникливи етички арбитри. Да не заборавам да додадам дека од тие слоеви на романот го извлеков и неговиот поднаслов: Книга на фантазми. За жал во новиот век низ некои чудни и мистични премини доаѓаат призраците да ни ја „поправат“ живата стварност на апсурден, покоен начин.

Од друга страна „Дваесет и првиот“ е роман кој жестоко го критикува секојдневието и постојаниот копнеж по некое друго место, друг свет?

-Веќе реков: напуштањето на домот и татковината е феномен вплетен во нашите корени и во животите на нашите претци. Видете колку само приказни, убави и потресни лични и книжевни сведоштва се напластиле во нашите поединечни и колективни искуства. Номадизмот бил наша драматична животна тема, далеку пред да стане и елегантна книжевно-теориска. Силјан Штркот, преселната птица, е нашиот духовен симбол. Сите имаме приказни за заминувањата и за враќањата од роднокраите на нашите претци и тоа, по правило, не се ни малку ведри приказни. Само што помисливме дека туѓината стана едно убаво странство, и од место на печалба стана простор за туристичко расшетување со црвените југословенски пасоши, онака како што дома се влошија состојбите, така се обнови потребата од оваа земја одново да се заминува. Затоа и Константин Миладинов, кој во романот е еден од благородните ликови на полиглот, на номад и на романтичар, на едно место ќе извикне: „Кај му е на човека спокојот? Ако не дома – надвор. Ако не надвор – дома. Кај му е, бре луѓе на човека спокојот? Надвор, дома или дури – во покојот?... Сакав да пишувам песна за враќањето а од душа ми излегува песна за заминувањето“.

Според некои, македонските автори во литературата се влезени летајќи, а не ползејќи и дека тоа е голема предност што треба да се искористи. Како ги оценувате состојбите во македонската литература и статусот на писателите воопшто?

-Различни се искуствата. Јас, на пример, во литературата влегов љубејќи. Љубејќи да работам, да не се повторувам, да си ја терам сам својата работа, да не припаѓам на тајфи, оттука мирно да одбивам да не бидам објавуван во масовни колективни проекти, туку да се борам да се објавувам индивидуално, да не примам впрочем како и извесен број други наши автори, хонорари за добар дел од моите книги, но и да сум слободен, да истражувам, да создавам во прозата, во театарот, во стрипот, во преводот во филмската сценаристика. Мене ништо друго не ми треба. И покрај се’. И покрај одбивањето на мојата теориска книга „Граѓански простор“ од издавачката програма за годинава. Им треба меѓутоа на младите поети и прозаисти кои тешко се пробиваат во новите македонски состојби. Им треба на слободоумните автори кои тешко го поднесуваат наметнувањето од културниот естаблишмент врзан и штедро плаќан од партизираната држава. Состојбите не сакам поподробно да ги коментирам, тие се такви што заслужуваат цел еден разговор не само еден брз одговор.

Нашите книжевни резултати, меѓутоа, токму со оглед на состојбите - тие се патот на афирмацијата на оваа национална и се надевам барем во комуникативноста веќе и интернационализирана култура. Македонскиот идентитет почива на нашето културно, особено книжевно дело. И како такви нашите напластени книжевни резултати, со децении, повеќе од цел еден век градејќи го зданието на македонската книжевност, литературен јазик, култура и посебност, се за секоја почит. Тоа е големата градба на нашите индивидуални, авторски творби и книжевни постигања. Тие се нашиот споменик „поцврст и од бронза“, највисока вредност. Нашиот духовен покрив, нашиот дом во вејавиците на неизвесните, ќудливи времиња на дваесет и првиот век.

 

 Невена Поповска

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E58641A6405BE749A9AB7D04685E3725

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јули 20, 2025
TviTER777

Денес, кога болката е наша

Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше тишината. Недостигот на план. Отсуството на глас за преживеаните.Таа трагедија ја натера Шведска да го редизајнира системот.
Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 1392
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1508
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 3114
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

11/09/2025 -четврток

Отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител; Преподобна Теодора Солунска; Светата маченичка Василија; Св.маченик Анастасиј (Спасо) Радовишки;(строг пост)

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец Христифор Римјанин  12 септември/ 30 август  2025

Тропар на преподобниот отец Христифор Римјанин 12 септември/ 30 август 2025

Молитвата како река протекува низ умот човечки,и ги согорува помислите на неговите богови,метаниите те предадоа на Божјото милосрдие,оче Христифоре преподобен,

Тропар на отсекувањето на главата на Св.Јован Крстител 11 септември/29 август 2025

Тропар на отсекувањето на главата на Св.Јован Крстител 11 септември/29 август 2025

Споменот на праведникот е со пофалба,а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо,оти навистина се покажа најпочитуван меѓу...

Тропар на св.преподобен Мојсеј Мурин  10 септември/28 август  2025

Тропар на св.преподобен Мојсеј Мурин 10 септември/28 август 2025

О преподобен оче пустински, ти кој ангели и демони гледаше,со едни беседеше, за други се молеше,кон небесата повикуваше – отвори...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная