логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 22 мај (МИА) - Македонската кирилица е најсовршен графиски систем. Таа како писмо има извонреден, дури и совршен нацрт и облик, со симетричност и стилизација на буквите, постигнати во текот на нејзиниот историски развој. Треба да се преземат мерки за тој облик да се зачува, да се намали влијанието на латиницата, особено преку информатичките технологии со употреба на правилни кирилични фонтови и во трговијата со кирилична транскрипција на брендовите.

Ова се дел од тезите што ги изнесоа голем број присутни академици, професори од Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет, професори од Филозофскиот факултет во Скопје, лингвисти и информатичари, на денешната трибина насловена „Кирилицата - од каде доаѓа и каде оди“, организирана во рамките на кампањата за зачувување, користење и модернизација на македонската кирилица. 

Осврнувајќи се на развојот на кирилското писмо, професорот Димитар Пандев од Филолошкиот факултет посочи дека уште при создавањето на глаголицата Свети Кирил воспоставил симетрија на буквите, што подоцна е пренесено и во кирилското писмо. Тоа според него е поедноставена верзија на глаголицата или, како што истакна, гола глаголица.

За тоа дека кирилското писмо претрпело измени и тоа во насока на негово поедноставување и оптимално графиско прикажување на гласовниот говор, говореше деканот на Филолошкиот факултет Максим Каранфиловски. Според него, македонската кирилица не ги содржи таканаречените нефункционални гласови и двогласни знаци, кои се отфрлени, што пак ја прави посовршена од другите од аспект на функционалноста.

Внимание треба да се посвети и на нацртот на ракописно кирилско писмо, додаде тој,  и посочи дека тоа треба да се направи преку таканаречниот красноспис, кој произлегол од калиграфијата. - Не треба во образовниот систем да се дозволи многу голема слобода во пишувањето на буквите од ова писмо, со цел така да се зачува неговата автентичност, рече Каранфиловски.

Професорот Иван Џепаровски на трибината се осврна на естетската вредност на кирилицата, потенцирајќи дека таа може да се бара и во субјективното гледање на оние кои ја восприемаат или користат чувствувајќи ја нејзината различност, но и во нејзината објективна вредност.

- Треба да си ги чуваме и обновиме нашите корени, но и интереси за она што го имаме, за она што потекнува одовде, како и да се обидеме на некој начин тоа да не го скамениме, да не го затвориме, туку да бидеме отворени пред предизвиците на новата цивилизација, додаде Џепаровски.

Професорот Људмил Спасов кампањата за зачувување на македонската кирилица, во чии рамки се одржа денешната исклучително успешна трибина, ја оцени како многу важна особено во процесот на македонските интеграции во Европската унија.

- Мошне е важно да се поставиме како културен идентитет различен од другите европски нации и да покажеме дека нашата кирилица треба да влезе во културното богатство на Европската унија. Во таа смисла важни се нацртите на буквите, но важно е и да се актуелизира фактот дека кирилицата е исклучитено современо писмо  и сосема соодветствува на латиницата, истакна Спасов. Тој додаде дека алармантна закана по кирилското писмо нема, но сепак посочи дека треба да се реагира навремено, тоа да се зачува и да им се доближи на граѓаните особено преку воведување на македонските фонтови во информациските технологии и печатењето книги.

Кампањата, рече Спасов,  ја афирмира македонската кирилица и нацртот на македонските букви, за да не се поистоветат во некои други кирилски букви. - Со добро водена јазична политика, треба да се воспостави кирилицата како писмо кое е одраз на националниот идентитет, рече Спасов.

Законската регулатива како можност за зачувување на кирилицата и македонскиот јазик беше тема на претставникот од Управата за заштита на културното наследство Александар Јордановски. Тој потенцираше дека јазикот како дел од духовното културно наследство е вграден во новиот закон за заштита на културно наследство, заедно со фолклорни добра и топоними.

- Овој начин на третирање на јазикот е нов национален модел на гледање. Тој се  разликува од Законот за употреба на македонскиот јазик и го дополнува. Се уште нема инструменти за заштита на писмото, кое е влезено во националната класификација на културното наследство, додаде тој.

На трибината излагања имаа професор Михајло Георгиевски кој зборуваше за најстарите книжевни споменици на кирилицата и Лидија Тантуровска која се осврна на тоа дали кирилицата отстапува пред латиницата на јавните исписи и реклами. Душко Алексовски говореше за писмото како дел од карпестата уметност, а Ласко Џуроски од Судио Тотем.

Следната експертска трибина, на тема „Кирилицата и информатичката технологија“, ќе биде одржана на почетокот на јуни. На 26 мај е планиран голем отворен настан за славење на кирилицата.

Кампањата, со мото „Го чувам своето - додека пишувам кирилица - постојам!“, почна на 23 април и ќе трае до 10 јуни. Иницирана е од маркетинг агенцијата „Идеја плус комуникации“ и  Македонската информативна агенција - МИА, а поддржана од научната и уметничката јавност, од институции, бизнис-заедницата и од медиумите.

Иако е создадена пред повеќе од десет века на овие простори, со прегорна работа на светите Кирил и Методиј, творците на словенската писменост, и со посветеноста на нивниот ученик свети Климент Охридски, кирилицата неправедно се подзаборава и во употребата го „губи чекорот“ со латиницата. Тоа е особено забележливо во новите глобални сфери - информатичките технологии, комуникациите и рекламирањето. Оттаму и поттикот за кампањата, што ќе опфати повеќе активности кои треба да ја подигнат свеста за правилна употреба на кирилицата. Целта е да се покаже дека кирилицата е убава, применлива,  отмена, грациозна, прогресивна, читка и модерна и поради тоа  да се употребува секаде каде што  е можно. 

Изработена е и посебна интернет-страница www.mojatakirilica.com.mk, на која е објавен конкурс за изработка на правилни македонски кирилични компјутерски фонтови.  На веб-страницата е поставен кириличен фонт кој бесплатно ќе може да се преземе. До крајот на кампањата ќе бидат изработени уште три нови фонтови кои, исто така, ќе бидат поставени и ќе може слободно да се користат. Новостите за сите активности поврзани со кампањата редовно ќе бидат објавувани и  ажурирани. На веб-страницата има и катче за децата кои низ игра ќе ја учат азбуката. мд/сст/15:04


 Да ги чуваме нашите корени

 

Во пресрет на Денот на словенската писменост - 24 Мај, се одржа трибина на тема: „Кирилицата - од каде доаѓа и каде оди“

Академици, професори од Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет и од Филозофскиот факултет во Скопје, лингвисти и информатичари, учествуваа на трибината насловена „Кирилицата - од каде доаѓа и каде оди“, која се организираше во рамките на кампањата за зачувување, користење и модернизација на македонската кирилица. Трибината се одржа во пресрет на 24 мај, Денот на словенската писменост. „Македонската кирилица е најсовршен графиски систем. Таа како писмо има извонреден, дури и совршен нацрт и облик, со симетричност и стилизација на буквите, постигнати во текот на нејзиниот историски развој. Треба да се преземат мерки за тој облик да се зачува, да се намали влијанието на латиницата, особено преку информатичките технологии со употреба на правилни кирилични фонтови и во трговијата со кирилична транскрипција на брендовите“, се дел од тезите што беа изнесени на трибината.

Осврнувајќи се на развојот на кирилското писмо, професорот Димитар Пандев од Филолошкиот факултет посочи дека уште при создавањето на глаголицата Свети Кирил воспоставил симетрија на буквите, што подоцна е пренесено и во кирилското писмо. Тоа според него е поедноставена верзија на глаголицата или, како што истакна, гола глаголица.

Професорот Иван Џепаровски на трибината се осврна на естетската вредност на кирилицата, потенцирајќи дека таа може да се бара и во субјективното гледање на оние кои ја восприемаат или користат чувствувајќи ја нејзината различност, но и во нејзината објективна вредност. „ Треба да си ги чуваме и обновиме нашите корени, но и интереси за она што го имаме, за она што потекнува одовде, како и да се обидеме на некој начин тоа да не го скамениме, да не го затвориме, туку да бидеме отворени пред предизвиците на новата цивилизација“, додаде Џепаровски.

Професорот Људмил Спасов кампањата за зачувување на македонската кирилица, ја оцени како многу важна особено во процесот на македонските интеграции во Европската унија. „Мошне е важно да се поставиме како културен идентитет различен од другите европски нации и да покажеме дека нашата кирилица треба да влезе во културното богатство на Европската унија. Во таа смисла важни се нацртите на буквите, но важно е и да се актуелизира фактот дека кирилицата е исклучително современо писмо и сосема соодветствува на латиницата“, истакна Спасов.

Законската регулатива како можност за зачувување на кирилицата и македонскиот јазик беше тема на претставникот од Управата за заштита на културното наследство Александар Јордановски. (Н.П.)
 

\

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2395
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2914
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Многу е карактеристично за ваквата заедница што внатре во неа никогаш и од никого не може да се чуе слово за умно-срдечната молитва, додека пак, што било друго од коешто...

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

07/04/2025 - понеделник


Велигденски пости;
(на риба)

Благовештение на Пресвета Богородица

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2025

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2025

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2025

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2025

Денес е почеток на нашето спасениеи откривање на вечната тајна:Синот Божји станува Син на Дева,и Гаврил блага вест објавува.Затоа и...

Тропар на светиот Христов епископ Артемон  6 април/24 март 2025

Тропар на светиот Христов епископ Артемон 6 април/24 март 2025

Од Павла светиот апостол поставен да го пасиш духовното стадо Христово,светол Артемоне, на сите им стана спасоносно пристаниште, вдовиците и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная