Многу е важно да се научи да се оддаде почит на друг човек. Еден старец вели:
- Кога два монаси се сретнуваат, тие мора да се поклонат еден со друг. Зошто? Си го видел ли ти твојот брат, ти си Го видел Господ твојот Бог...(1).
Треба да се научи да се види Самиот Бог во лицето на другиот. А друг старец вели:
- Блажен е монахот (и христијанин), кој ги смета сите луѓе богови после Бог.
Тогаш тој ќе научи да го цени другиот, оддавајќи му ја потребната чест. Само тогаш другиот ќе може да го разбере своето место и вашиот однос со него, а и ти самиот да можеш да воспоставиш правилни односи со другите.
Сето ова започнува уште во детството. Денеска детската психологија нé учи дека треба сериозно да му се говори на детето за сериозни работи, треба да се разговара со него сериозно, затоа што ако ти го водиш него на Причест и му велиш: „Отвори ја устата, за да ти дадат златна птица!’’- тогаш тоа се разбира дека ќе ја исплука, затоа што тоа не сака златна птица. А што ако Причеста нема вкус на златна птица, туку понекогаш е и киселава?
Или му велат: „Тоа е винце!’’ А зарем свештеникот треба да му даде нему вино? Нема ли да посака тоа, кога ќе порасне, да отиде во кафеана и да испие цело шише? Гледате ли, нему му се присакало некакво винце!
Сум го видел и ова. Ние причестуваме толку многу деца во манастирот и ете му приоѓаат и му велат на детето:
- Отвори ја устата, свештеникот ќе ти стави златен заб!
Или „златна птица’’ и други глупости. А детето вреска, се протега. Но, кога ќе му кажеш:
- Отвори ја устата, чедо мое, тоа е Христос!- гледаш, како детето станува сериозно и разбира дека Христос е таму.
Детето го чувствува тоа, и за него тоа има повеќе смисла отколку за мајка му и баба му, така што сака да се оттргне од неа, кога таа му кажува на детето безумија.
Кажете ми:
- Дали разбира нешто двегодишно дете?
Разбира. Како разбира? Кога ќе му кажеш: „Христос’’, тоа станува смирено и ја отвора устата, а ако му кажуваш секакви безумија, тогаш тоа се спротивставува.
Денеска е докажано дека за сериозни работи ние треба да им говориме дури и на малите деца. Нека го разберат тоа така, како што можат да го разберат, само ние да не им ја намалиме вредноста на тие работи.
Да, но ако го научиш детето да ја удира својата мајка, да плука на неа, да говори страшни
зборови... Се сеќавам на еден пример со едно дете, на
кого наставничката му кажала дека зборот „див’’ и „дива’’
воопшто не се лоши. Па, тој тогаш зима и ја нарекува дивјачка.
‘‘ И на малите деца, за сериозни
работи, треба да им говориме сериозно
Ако детето научи да ги понижува луѓето, тогаш кога ќе порасне, во него нема да има ништо достојно. Тоа е докажано. Сега имам 42 години...(2), имам другари од детство, кои се оженија и јас знам- гледам какви се тие во семејството, зашто јас ги знаев нив уште од малечки.
А што е тоа што го гледам? Гледам еден примерок од нивното
семејство- ако дома тие се поливале еден со друг со нечистотија, пцуејќи се и расправајќи се, тогаш и сега истото се случува. Кога јас одам кај нив, тогаш ми доаѓаат во сеќавање нивните мајка и татко. Тие сега имаат ист таков дом. Како се однесуваа нивните родители, така се однесуваат и тие сега. Образовани луѓе со универзитетски дипломи, но си ги режат очите со нивните груби манири. А зошто? Затоа што тие тоа го наследие.
Се случува едниот да сака да ја изрази својата љубов кон дугиот, но доколку не знае како тоа да го стори, тогаш постапува неправилно. Ако во неговата душа нема заложено таков карактер, тогаш како тој ќе ја изрази својата љубов кон својата жена? Сака да и‘ каже било каква шега, да и‘ се умилкува, а всушност исто е како да зема торба и ја удира по глава, како Мики Маус, а од нејзините очи излегуваат искри. Ете ја таквата страшна и ужасна шега кај него.
Тој кутриот, го прави тоа од расположение кон неа, сака да и се умилкува на својата жена, но се добива обратното. А ако се подископа, тогаш ќе увидиш дека кај нив дома разговараат исто така како и онаму каде што тој раснел. Се разбира, сето тоа е стекнато и човекот може тоа да го увиди и да поработи над себе, за да се избави од него.
Токму така ти не можеш да зборуваш со својот пријател, обраќајќи му се со вулгарни зборови. Или еве слушам некои девојки и тоа е всушност она на што девојките се должни да обрнат внимание, затоа што тоа е страшно. Тоа е, девојките ги надминаа мажите со својата жестокост и вулгарност. Па како таа утре ќе стане мајка? Гледајќи како таа зборува со груб глас од цигарите, си мислиш: „Господи помилуј! Какво ли е ова суштество? Дали е женски овој глас?’’ И ако не би ја видел неа, тогаш така и би се запрашал себеси: женско ли е ова или машко?
Или пак, таа ги испружа рацете за да го земе своето бебе, и ти гледаш некакви огромни црни нокти, некаква валкана коса и насликани очи. А ова бебе само што се родило... претставете си, ова е младенецот, ги отвора очите и ја гледа својата мајка со црвена, зелена или виолетова боја на косата, со испакнати и жестоки очи, со огромни нокти. Па нема ли да си каже: „Што ѕвер ме роди?’’
Тоа е целата реалност, деца. Кога понекогаш разделувам просфори, побрзувам да си ја соберам раката од ноктите на некои дами- ете вакви нокти! Добро, чедо мое, но каква е ползата од сето тоа? Црни, сини, жолти, зелени нокти. И се прашуваш: што е сето ова?..
Начинот на изразување е многу важен. Ние мажите сме такви, но кога некој се преправа дека е жена, тој станува предмет на потсмев, или ако жената стави мустаќи и брада таа исто така ќе стане предмет на потсмев. Изменувањето на цртите на лицето влијаат на психата на детето. Кога ќе порасне, што ќе види дома? Каква мајка ќе види пред себе, каков лик? Таков кој зрачи мајчинство, добрина, кротост или таков кој кога ќе го види ќе се исплаши?
Затоа нам ни е потребно да внимаваме на себе. Останете такви какви Бог ве создал, за да ние убаво се однесуваме на прво место кон самите себе, за да започнеме со самите себе, за да не посакаме да се понижиме и потсмеваме на самите себе. Понекогаш луѓето прашуваат:
- Грев ли е да се разубавуваш?
‘‘Грев ли е да се разубавуваш? Тоа не е грев, разубавувај се
како сакаш! Но во што е
проблемот? Во тоа што ти се
изменуваш себеси
Тоа не е грев. Разубавувај се како сакаш! Но во што е
проблемот? Во тоа што ти се изменуваш себеси!
Или еве носиш обетка, а друг гледа во тебе и се прашува:
Како ти тоа го издржуваш? И зошто си ја закачил на веѓа?
Во ред, но зарем не ти пречи, како мува да ти седи на челото?
Или пак, доаѓа за да каже нешто, а од нејзината коса виси
нешто и и‘ влегува во око. Зашто ви е сето тоа, деца? Или некакви чевли за кои ти е потребен посебен напор, за да се одржи рамнотежа.
Јас всушност, понекогаш толку се прашувам. Седам и ги гледам од врвот на манастирот...(3), каде што владее тишина и еве од далеку се слуша како застанува автомобил и таа так- так- так со потпетиците додека не влезе во храмот. Внатре, можеби читаат Евангелие и царува полна тишина. А потоа таа вели:
- Јас не одам во црква, затоа што кога ќе влезам внатре сите се вртат и гледаат во мене!
Па, се разбира дека ќе гледаат, кога ти си ги преплашила луѓето! Како човек да не погледне во што си обуена и со што си дошла тука! Кога тие ќе го видат тоа добиваат вртоглавица!
Деца, почитувањето започнува со себе. Па добро, кај жените природно е да се дотеруваат, се разбира исто така треба да се носи и добра облека. Но потребна е само мерка. Убавина во умереност. Крајностите се непотребни, затоа што потоа човекот ќе ја изгуби мерката и веќе не може да разбере што е тука правилно, а што не, затоа што кај него нема чувство на мерка, го изгубил чувството дека со тоа тој ќе ги предизвика другите луѓе. Кога му велиш:
- Дете мое, тоа е предизвикувачки! – тој те прашува:
- А зошто? Како тоа може да биде предизвикувачки?
Тој тоа не го разбира, затоа што кај него веќе нема мерка.
Треба да се научи да се ценат другите и Самиот Бог. Благодарноста кон Бог доаѓа постепено: најпрво почнуваш да се цениш себеси, да се почитуваш себе, своето тело, лице, да се грижиш за него, не по убавина, туку со почит кон себе не изменувајќи го своето лице. Потоа, кога ќе се почитуваш себеси, ти ќе ги почитуваш и своите родители, наставници, брат, соседи, чичко, сопруга.
Така нашиот живот ќе стане убав, зашто што ќе му дадеш на дугиот, тоа тој и ќе ти го врати. Ако си ти варварин, тогаш и кон тебе исто така ќе се однесуваат. Затоа нам ни е потребно да поработиме на себе и кога ќе правиме било што, да седнеме и да се запрашаме: „Зошто тоа го правам, поради која причина? Закачила на себе 15 обетки, ги обесила од врвот до дното. А зошто? За убавина? Но тоа не е убаво. Во што е тогаш причината? Што ме мотивира мене кон тоа?’’ Ние треба да ја увидиме мотивацијата, односно да се испитаме себеси, не со душевно страдање, туку да се поработи на себе.
Нам ни е потребна и педагогија. Грчкиот збор μόρφοση („образование’’) означува “да се даде образ (лик)’’, тоа не означува дека треба да изучиш букви, компјутер или цифри, туку да си дадеш себеси лик (образ). Ова беше некоја аморфна маса и ти и‘ придаваш конкретен образ, при што тоа се однесува на целото лице. Впрочем, човекот се гледа по малите работи, по тоа како тој седи, што ќе говори, какво ќе биде неговото држење, како да направи нешто. Тоа е многу важно.
Светите отци го нагласуваат ова: аскетите кои живееле во пустина и не виделе човечки лик, пишуваат во своите аскетски слова меѓу другото и за благоприличие (добро однесување). На пример, Свети Исак Сирин има слово за благоприличие на монасите. Со тоа тој сака да покаже дека човекот добива карактер, личноста се формира со посредство на едноставни средства, кои се наоѓаат околу него...(4).
Затоа Црквата настојува на тоа. Црквата не е морализам, таа го преобразува целиот човек. Ти треба да го знаеш тоа, затоа што инаку ти никогаш нема да се придвижиш напред.
За жал, денеска дојдовме до тоа да организираме семинари и посебни групи, каде психолозите нé учат на тоа како да комуницираме еден со друг. Има такви групи каде плаќаш 500 лири годишно. Ми кажаа дека создаваат групи за комуникации и еднаш јас исто така присуствував на таква средба. Од една страна стоеја пет луѓе, а од другата уште пет, во средина беше психологот и тој ги учеше како да водат дијалог. Како додека еден зборува, ти мора да стоиш и да го слушаш и како додека ти му зборуваш некому, мораш сам да се слушаш што говориш. Затоа што често ти тоа воопшто не го слушаш, односно зборуваш, но самиот не знаеш што зборуваш.
Тоа е големо искуство- да се научи да се биде внимателен, да се работи на себе: тоа е основа на сé што прави човекот. Во манастир, станувајќи монаси, ние всушност го правиме она што би го правеле во брак. Во манастир се учиш да му говориш вистина на другиот и да му одговориш вистинито на друг, а ако произлезе некакво недоразбирање, тогаш ти никогаш нема да бидеш во право. Старецот нема да ти каже тебе: „Знаеш, ти си во право!’’ Не! Но, тој секогаш тебе ќе ти каже: „Ти си виновен’’:
- Но тој мене ми кажа тоа и тоа, ме обвини...
- Что и да ти каже тој тебе, виновникот си ти!
А зошто ти тоа си го сторил? Научи се да работиш на себе, да не се бара во што е виновен некој пред тебе, туку во што си ти виновен пред него.
Ако ние би правеле така секогаш кога ќе ни се случат недоразбирања во семејството, или ако би можеле да го игнорираме другото лице или одреден настан и да кажеме: „ Во ред, го оставам во мир. Тој тебе те проколна, те навреди, те оклевети. Тој има свои проблеми. Но, ти, што направи ти во тој случај?’’- тогаш навистина работата ќе појде, односно од тој момент, кога ти ќе започнеш да работиш на себе, а не на другите.
Ние мора да ги знаеме тие работи, да ги знаеме Божјите заповеди, кои ни се дадени како противотров, тие ја поставуват правилната основа и покажуваат како човекот почнува да ја гради својата духовна зграда. Тој секогаш треба да почне со себе, а не со другите.
Понекогаш луѓето велат:
- Зошто јас сум добар со непознати, а дома не? Зошто јас со другите сум добар, трпелив, добродушен, ги поздравувам, а дома на нерви им одам и полн сум со злоба?
Затоа што ти не си работел на себе, туку си научил да го задржиш својот имиџ пред другите луѓе. Затоа кога човек ќе се види себеси од страна, се ужаснува и него може дури да го опфати депресија, ако тој во некој момент се разочара од самиот себе. Затоа што тој никогаш не умеел да се зафати со себе, никогаш не погледнал на себе, туку секогаш на другите, на оние околу него, на општеството, на работа, на другите луѓе. Тој не се погледнал себеси, не се научил на тој духовен труд.
Доколку ние сакаме да живееме во Црквата, тогаш таа става сé на свое место, го враќа човекот кон неговата основа и му вели:
- Погледни, духовниот труд започнува со тебе, ти ќе се набљудуваш себеси, со оние кои те опкружуваат и со Бог. И ќе започнеш од малите работи.
“Човекот, понижувајќи се себеси, не може да ги почитува другите, тој и нив ќе ги понижува
Ти не можеш да кажеш: „Јас се грижам за малите нешта, тоа со главните никако не е поврзано!’’ Не. Сé е поврзано и сé укажува на квалитетот на твоето „јас’’. Тоа е основа и темел, кој треба да се воведе во нашиот живот. Ако тоа не се случи, ние не можеме да се движиме напред, затоа што човекот, понижувајќи се себеси, не може да ги почитува другите, тој и нив ќе ги понижува.
Денеска можеме насекаде да го видиме тоа, дури и меѓу црквените луѓе и вас, кои одите на беседи. Постојано гледаш дека им недостасува многу што во минатото произлегло само по себе, го нема чувството на тој внатрешен труд, почит кон друга личност. Како тоа дете утре ќе создаде семејство, ако не научи да каже вообичаено „благодарам’’? Како тој ќе дојде дома и ќе каже благодарам на својата жена, која подготвила ручек? Тој помислува: „Ти си подготвила за јадење? Така тоа е твој долг!’’- и воопшто не го зема во предвид трудот на својата жена.
А ако ти не ја почитуваш својата жена, тогаш таа ќе се измори, нема да издржи. И ќе почне да бара почитување на друго место, ќе си најде некој, кој ќе почне да и‘ кажува слатки зборови и тоа ќе доведе до непријатни инциденти...
Митрополит Лимасолски Атанасиј
(1) Види: Незаборавни приказни. За Ава Аполон, 3.;
(2) Сега Митрополитот Атанасиј има 57 години. Тој е роден на 8 Февруари 1959;
(3) Во манастир Махер каде Митрополитот Атанасиј беше ректорот;
(4) Слово од 9 книги на преподобен Исак Сирин „Аскетски Слова’’.
Извор: http://www.pravoslavie.ru/103402.html
Подготви:
Подготви: Снежана Корнет
19-ти јуни 2017 лето Господово
Друго:
Во понеделник на Светлата седмица на Атон, Празник на иконата „Сладок бакнеж’’
Што преставуваат предметите во рацете на ангелите?
Протоереј Сергеј Адодин - Лошиот свештеник
СВ. ОТЕЦ ПАЈСИЈ: Ако сакаш да воспиташ дете, држи се до овие правила!
- Протоереј Георгиј Бреев: Исусовата молитва за мирјаните, со што да се почне, како да се изврши
- Извор: http://borbazaveru.info/content/view/9569/1/
19.06.2017 год.
Преминпортал