Распоред на богослуженија во црквата свети Стефан (населба Аеродром, Скопје) за март 2016
12. март (сабота), 18:30 Вечерна;
13. март (недела, Недела сиропусна, Прочка), 07:30 Утрена,
09:00 Света литургија;
12. март (сабота), 18:30 Вечерна;
13. март (недела, Недела сиропусна, Прочка), 07:30 Утрена,
09:00 Света литургија;
„На човекот му е дадена таква сила што може да го пренесе доброто или злото врз она што го опкружува. Тоа се многу специфични работи. Потребно е големо внимание. Потребно е на сѐ да гледаме како на добро и позитивно. Ниту малку не смееме да размислуваме лошо во врска со другите. Дури и брзиот поглед и воздишката влијаат на оние околу нас. И дури и најмалата лутина предизвикува штета.
Утврдете се преку мислата дека молитвата е сè. Без молитва, очекувајте потполно овенување и падови еден по друг. Ако за време на искушението со сета своја сила се држиме за молитвата, сигурно ќе го надвладееме ѓаволот и ќе приложиме уште една победа кон Сесветото име Христово.
„Минатата недела, мили мои, Црквата, преку параболата за Блудниот син, ни напомна за огромното Божјо милосрдие, за Божјата неизмерна и безусловна љубов и простување. Денес, пак, ни се даде можност, повторно преку зборовите на Самиот наш Спасител, Господ Исус Христос, да погледнеме низ завесата на времето, во таинственото предвестување за крајот на светот, за Христовото страшно и славно доаѓање, како и за Судот кој ќе се случи...
Бог од нас бара љубов преку конкретни дела на љубовта. Само преку љубовта ние се соединуваме со Него, зашто "Бог е љубов".
Создавајки го човекот според Својот образ, Тој се препознава во секој еден човек. Затоа ќе рече: " доколку (не) сте го направиле на еден од моите најмали браќа, Мене (не) сте Ми го направиле".
Авторот на оваа книга, игуменот Евмениј, веќе им е познат на нашите читатели преку книгата „Пастирска помош на душевно болни“, така што ова е веќе негово второ дело преведено на македонски јазик.
Оваа книга има сосема поинаква содржина од претходната.
Скопската православна епархија при Македонската православна црква, најостро го осудува вандалскиот чин на осквернување на осветените и благословени темели за изградба на Крст во населбата „Бутел“ во Скопје.Со тоа (не)дело, кое по ништо не се разликува од актуелните дејства на разните радикализми на Блискиот Исток и на Африканскиот континент, во односот кон христијаните и нивните светилишта, денес во Р. Македонија се суспендирани Уставот,...
Јазикот мора многу да се намачи за да се искупи за секое празнословие и за сите свои падови и мора да ја стекне навиката за молитва. Навиката не може да се створи без труд и работа. За да дојде благодатта, мора да се пројави и смирение. После тоа патот ќе биде отворен.
Како минува животот на човекот? Неговиот ум е зафатен со постојаното решавање на насушните проблеми, тој дури и не може да се спореди со работливата мравка, тој повеќе наликува на пешак без цел. Човекот нема на што да се потпре. Подлогата на која што стои, изгледа дека постојано му се трга од под нозете....
На 28.02.2016 година, во Неделата на блудниот син и на празникот на св. ап. Онисим, преп. Евсевиј и св. Ефросинија и Пафнутиј, а по повод 40 години од упокојувањето на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Методиј, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан,
Раководени од благодатта Божја, ние веќе навлегуваме во средиштето на годишниот богослужбен циклус, во најубавиот период од годината, периодот на сладосниот Триод, кој постепено, еден по друг, ни ги открива хоризонтите на небото. Подготвителниот период кој започна од минатата недела, ни дава можност да се подготвиме за што подлабоко да го почувствуваме оној другиот период на Триодот, Големата Четириесетница.
Во моменти кога некој во 21 век се обидува да ги разгори верските страсти и да предизвика омраза меѓу најобичните граѓани, на кои им е преку глава од лудилото што ја зафати земјава и не попушта, ретки се свештениците што го претставуваат гласот на разумот.
На 27.02.2016 година, Упокоение на св. Кирил Солунски, Митрополитот Европски г. Пимен и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со свештеници од Гостиварското намесништво при Тетовско-гостиварската епархија протоереј-ставрофор Боге Богојески, протоереј Трпе Богојески и парохискиот свештеник од Љубљана ереј Митко Газинкоски...
„Несреќниот, злобен човек руши се, ги повредува дури најблиските и најсаканите луѓе, а добриот човек, излачувајќи мир и радост околу себе, го обновува разрушеното, ги утешува страдалниците, им помага на оние кои имаат потреба.“
СО СЕКОЕ КУПЕНО ИЗДАНИЕ. СЛЕДУВА ПОДАРОК ПО ИЗБОР:
- Двд/Цд со Православни Поучни Филмови
- Двд/Цд со Православни Поучни Цртани Филмови
На 27.02.2016 година, на празникот Упокоение на св. Кирил Солунски, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија освети и постави камен - темелник за издигнување крст во Општина Бутел. Инвестититор на проектот е Светскиот Македонски Конгрес.
Бог на народите секогаш им испраќа Свои избрани садови, кои ќе ги водат кон спасението, односно кон Бога. Така и на нашиот народ - македонски, а воедно и на другите словенски народи им подарува духовни водачи во лицата на светите браќа Кирил и Методиј. Нивниот успех меѓу Словените е огромен најнапред на духовно-црковен план...
Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја.
Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.
Добро е, колку што можеш да ги одбегнуваш тие собирања, како и љубопитноста, бидејќи така ќе собираш талог од помисли, а потоа многу ќе се замориш за да ги изгониш. Секогаш да носиме добри мисли и да не примаме лукави телеграми, ако сакаме да се очисти нашето срце и лукавите механизми на нашата фабрика (срцето) да се претворат во добри механизми.
Достапен е за преземање првиот инфографик од серијата материјали поврзани со Великиот пост: Подготвителни недели пред Великиот пост. Инфографикот е наменет пред сè за оние кои за прв пат ќе го прифатат подвигот на постот во Четириесетницата, но и како потсетник за останатите.