Како да го сочуваме здравиот духовен живот?
Лажните учители немора неминовно да бидат помагачи на антихристот или пак обележани од народот како непријатели на христијанството, туку нивната бројност е огромна, бидејќи проповедувајќи, ретко кој од нив се прашува, повторно според зборовите Христови: со каков дух е? Всушност проповедтта е врзана секогаш за Евангелието Христово, бидејќи во Евангелието имаме сѐ што ни е потребно според зборовите: „Ти имаш зборови за живот вечен.“ (Јн.6,68). Излегувајќи од духот на Евангелието излегуваме и од рамката на Блаженствата, следствено излегуваме од рамката на Божјите заповеди.