Божествена Литургија во Водоча (03.09.2023)
„Господ, преку евангелските заповеди, сите нас нѐ повикува на одреден начин на живот, а тоа е благодарењето. Што од тоа што Му го принесуваме на Бог не е Негово? Од Твоите дарови на Тебе Ти принесуваме за сите и за сѐ. Бог ни се дава целосно, преку Својата несоздадена енергија; ние, колку Му се принесуваме?