Основа на постот е борбата со гревот преку воздржание од храна. Значи воздржание, а не истоштување на телото, затоа правилата за запазување на постот секој треба да ги усогласи со своите сили, со степенот на својата подготвеност за пост. Постот е аскетски подвиг, кој бара подготовка и постепеност.
Јеромонах Серафим (Алдеа): За недостатокот на трпение - од Адам до нашето поколение
„Ние немаме трпение. Нашата генерација нема трпение. Генерацијата на нашите родители немаше трпение. Од падот на Адам до последниот човек на Земјата, сите ја правиме истата духовна грешка - не сакаме да го слушаме Бога и веруваме во секакви чудесни рецепти за спасение. Но, не постои брз и лесен пат до спасението,