Три дена во непрестаен пост, молитва и покајание (25.02.2015)
Колку е докажана и безброј пати потврдена вистинитоста на сите Христови зборови! „Не само од леб ќе живее човекот, туку и од секој збор што излегува од устата на Бога“. Го знаат ова и го искусиле во своите животи сите христољубиви души; знаат тие дека не само земната храна го одржува животот на човекот, туку, уште повеќе, небесната – храната што ни доаѓа непосредно од Бога.