ОБРЕЗАНИЕ ПО ТЕЛО НА ГОСПОД НАШ ИСУС ХРИСТОС
Ти, Кој седиш на огнозрачен престол на висините, со Твојот беспочетен Отец и со Божествениот Дух, си благоволил да се родиш на земјата од неискусомажна девојка – Твојата Мајка, Исусе! Поради тоа си бил и обрезан како човек осмодневен. Слава на Твојот себлаг совет; слава на Твоето снисходење, единствен Човекољупче!