Известување за Божествена Литургија во храмот „Свети Константин и Елена“, Скопје (01.06.2019)
Во понеделник, 03 јуни 2019 година, на денот кога во Македонската православна црква- Охридска Архиепископија се чествуваат светите Константин и Елена, во новоподигнатиот храм во општина Центар- на улица „Македонија“,во Скопје, посветен на рамноапостолните светители на Црквата, протоереј Трајче Петковски ќе отслужи Божествена Литургија со почеток од 8:30 часот.