Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа сила која го воскреснува умрениот? Со целото свое празнување Црквата одговара на ова прашање: Христос плаче затоа што во оваа смрт на својот пријател Тој го созерцува торжеството на смртта
Седнат на бесловесно осле, доаѓа да ги ослободи луѓето од бесловесноста.
Во овој ден го празнуваме славниот и пресветол празник Цветници (Врбица) од следнава причина: По воскресението на Лазара од мртвите, мнозина од оние што го видоа овој настан поверуваа во Христа, поради што Јудејскиот суд реши да го убие Христа, како и Лазара. Исус се повлече,
Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен ќе биде оној што ќе го најде да дреме. Затоа пази, душо моја, сонот да не те притисне, и на смрт да не бидеш предадена, и вратите на Царството да не се затворат пред тебе.
Да појдеме и ние со Оној, Кој оди на доброволно страдање, земајќи го својот крст на трпение од секоја навреда; да се распнеме во борбата против гревот за да ги умртвиме телесните похоти и да извикаме: „Осана во висините, благословен си Ти Кој си дошол на доброволни страдања, со кои си го уништил адот, си го извел Адам и си ја победил смртта!“
Според едно предание по ова, Ираклиј заповедал вратата да биде заѕидана, бидејќи како што рекол “ штом низ оваа врата поминал Светиот Крст, никој друг не би трабало повеќе да го гази местото со нозе“ .
Според друго предание Златната порта била заѕидана дури во времето на султанот Сулејман Велики – од суеверие –
глас 1
Христе Боже, за да нé увериш во општото воскресение,
пред Твоето страдање го воскресна Лазара од мртвите.
Затоа и ние, како децата носејќи ги знаците на победата,
Ти пееме Тебе, Победителу на смртта:
Словото Божјо, Кое ги покрива небесата,
Седнат на бесловесно осле,
доаѓа да ги ослободи луѓето од бесловесноста.
Сожалувајќи се на солзите на Марта и Марија, си заповедал да го тргнат каменот од гробот, Христе Боже; со Твојот повик го воскресна мртовецот, Ти Кој на светот му даваш живот, утврдувајќи ја со Себе верата во воскресението. Слава на Твојата сила, Спасителе; слава на власта Твоја, слава Ти Тебе, Кој со Својот збор си создал сѐ.
Да се добие искуство значи - без човек да пријде кон некакви работи и да ги набљудува, без да примил во себеси знаење за нив, но кој, по долго работење со нив, од опит ја почувствувал користа и штетата од нив.
Честопати некоја работа надворешено се чини штетна, но внатре во себеси таа cе покажува полна со корист.
Толкувачите гледаат во него предобраз и своевидна духовна подготовка на тогашните сведоци за претстојното Христово воскресение. Во секој случај, своевремено Лазаровото воскресение беше доживеано како најсилен доказ за Божественоста на Господ Христос пред тогашните Јудејци и постана камен на сопнување за мнозина.
Бидејќи веќе наближуваше спасителното страдање, требаше да се даде посигурно уверување во тајната на воскресението. Исус престојуваше од другата страна на Јордан, каде што најнапред ги воскресна Јаировата ќерка и синот на вдовицата. Погоден од тешка болест, умре и Неговиот пријател Лазар. Исус беше далеку, но им рече на своите ученици: „Лазар, нашиот пријател заспа"
Исповедниче на вистинската вера која спасува,
Мартине свети мачениче,
прими од нас пофалба и благодарност.
Од Бога со благодатна вистина исполнет,
на патот исповеднички цврсто остана,
и Христос преку тебе Црквата ја зацврсти,
Духот Свети пастирите ги умудри,
Исповедник на верата Христова постана,
откако Спасителот Го повика
кога се најде сред морските бранови,
о Димитрие новомачениче.
Надеж стана за паднатите кои во маките,
Василие, преподобен оче наш,
верата во Христа ти ја сочува,
иако велијар во безумие кон тебе поита,
стадото Христово по твоите молитви Господ го запази.
Моли се свет исповедниче,
Велик те направи Спасителот тебе Антипо
помеѓу ѕвездите небесни,
и возвишено стана името твое во Црквата,
на која како семе одбрано и послужи
и како сад со вода молитвена
душите на сите ги напои.