Старец Емилијан Симонопетриски: Нашето присуство во храмот – III дел
Во една прилика кога служел, неговите двајца ученици наеднаш забележале дека не се само тројца во олтарот, туку четворица. Гледале запрепастено: кој е четвртиот? Ова им било прв пат да го видат и го прашале светиот: „ Четворица сме, што се случува?“ „Тивко“, им одговорил тој, „ќе ви објаснам подоцна. Тоа е светиот ангел, кого Бог ми го испрати. Секогаш доаѓа и ми прислужува“.