Да те ублажуваме, Дево, достојно е навистина
Светата Гора Атонска, таа небесна монашка држава, што Пречистата наша Мајка ја прими во своја грижа, е благословена со нејзини бројни чудотворни образи, кои ја сведочат особената богородична милост врз ова место. Но, според нејзиното благоволение, најголем благослов се излеа од познатата нејзина икона „Достојно Ест“, која сега го краси протатонскиот храм во Кареја...