Во организација на Македонската Пправославна Младина на Австралија (МОЈА), собрани над $4600.00 за помош на оштетените од пожарите
МОЈА е непрофитна, волонтерска организација на нашата младинска заедница. Денот започна со Света Литургија, и беше ден на Светиот Гаврил Велички Светогорец, еден од поновите Македонски светители. Манастирската црква беше преполна со поклоненици, на Литургијата моштите на Свети Гаврил Велички беа изложени пред верниот народ и верниците се поклонија со голема радост. Сите бевме возбудени, трпеливо чекавме за Причесната и да почнат спортските активности, посебно децата.