Подготвителни Недели за Великиот Пост
Имаме три подготвителни седмици, но опфаќа четири неделни дена, определни врз евангелските четива како Недела на митарот и фарисејот, Недела на блудниот син, Недела месопусна и Недела сиропусна. Целта им е со химнографијата да ги подготват христијаните за претстојниот пост. Саботата пред Неделата месопусна е задушница, т.е. во неа се извршува општа заупокоена молитва за упокоените.