Богојавление - Водици, Велес (19.01.2016)
Традиционално секоја година велешани масовно присуствуваат на осветувањето на водите и фрлањето на животворниот крст, а секоја година голем е бројот на оние коишто се фрлаат во студените води на реката Вардар за да го фатат крстот. Оваа година 59 млади луѓе влегоа во водите на реката..










Тоа што сум јас монах, а ти не си, не значи ништо. Бог подеднакво го слуша и монахот и човекот од светот, под услов и двајцата да се вистински верници. Бог бара срце полно со вистинска вера, во кое ќе испрати од Својот Дух, зошто во човечкото срце е Царството Божје.
Црквата е место каде што просторот е исполнет, место на изобилие од слобода и љубов, на вистински спокој, на длабоко вдишување. Таа е простор каде што душата дише длабоко, каде што срцето нормално ти отчукува, каде што не трепериш, ниту, пак, стравуваш, каде што твоето сопствено јас е вистинско, автентично, чесно и искрено.
Внимавај на себе, свештенику, и на оние кои ќе ги учиш, и гледај на службата која си примил да ја исполнуваш; бидејќи не ти е доверена земска служба, туку небесна; не човечка, туку ангелска.




































