СРЕТЕНИЕ НА ГОСПОД БОГ И СПАСИТЕЛОТ НАШ ИСУС ХРИСТОС (15.02.2023)
Кажи ни, Симеоне, кого носиш во рацете, та во храмот толку се радуваш? Кому се обраќаш и викашː Сега се ослободив, бидејќи го видов мојот Спасител! Тој е Оној што се роди од Дева. Тој е Бог Словото од Бога, Кој заради нас се воплоти и Кој го спаси човекот. Нему да Му се поклониме.
Прими Го, Симеоне, Оној што некогаш Мојсеј Го виде во мракот на Синај, и Кој стана дете, потчинето на законот!