Глуварче (10.05.2019)
Сега во глуварче ме осмисли,
Ех, кој можеше да помисли,
Штотуку ме дувна ветер
Одлетав во мојот етер.
Сега во глуварче ме осмисли,
Ех, кој можеше да помисли,
Штотуку ме дувна ветер
Одлетав во мојот етер.
Гледате на колку сѐ начини се добива благодатта за услишување на молитвата; затоа никој да не паѓа во очајание, дека не може да ги испроси од Бога спасоносните блага. Зашто, ако претпоставиме, дека ти недостасуваат многу од оние работи кои се потребни за услишување на молитвите, па зар не можеш да бидеш постојанен во молитвата, никогаш да не отстапуваш од неа? Тоа може да го прави секој само, ако сака. Само поради таа
Еве веќе 10 години, возобновената Струшка Еордија е благовесничка на радост и насекаде низ нашата земја го испраќа, во вид на зраци, благословот на св. Георгиј. На верните, што во сѐ поголем број доаѓаат на ова чудесно духовно доживување, таа им го дава одново блесокот на Пасхалната радост. За Стружани, пак, е прекрасна можност сите да се сплотат во стремежот што подостоинствено да земат удел во ова торжество, кое ја осенува со благодат
Бог ни зборува постојано, многупати и на многу начини (Евр. 1,1). Бог зборува на луѓето преку сите негови дела во природата, во светот и во животот. Се што постои во светот сведочи за постоењето на Бога и сите созданија Го величаат Бога како свој Создател и тоа сите на свој начин. Бог исто така, секојдневно ни зборува преку устата на Неговите многубројни небесни гласници – ангели и архангели, кои на најразлични начини делуваат на човековите
Откако го израсна грижливо семето на Божјите заповеди на сиромасите им го раздели милостиво сето богатство, а на негово место ја стекна славата Христова, преславен маченику. Затоа, со сигурна надеж одиш на подвиг и долги измачувања, Георгие, и откако стана учесник во страдањата на Нестрадалниот и во Воскресението, земајќи удел во Царството небесно, за нас сега моли се.
Последен рок за пријавување е 16 МАЈ 2019 година. Личните податоци може да се испратат и по интернет: име и презиме, матичен број, број на пасош и контак телефон. За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ, по 13:00 часот, на телефон 070-582-588 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.;
Книги:
1. „Вистинската слобода: Романски новомаченици и исповедници“, црква „Успение на Пресвета Богородица“, Василево, Струмица, 2017 - 400 денари.
2. Д-р Дмитриј Авдеев, „Униние и депресија“, Манастир Велјуса - 250 денари.
3. Д-р Дмитриј Авдеев, „Мисли за женската душа“
"Го посети авва Лот авва Јосиф и му рече: „Авво, според своите мали сили го вршам своето мало молитвено правило и својот малечок пост, и молитвата и изучувањето на Писмото и тихувањето, и колку што можам, ги чувам моите помисли чисти. Што уште да правам?“ А Старецот, кога стана, ги крена своите раце кон небото и прстите му станаа како десет огнени пламења. Па му рече: „Ако сакаш, сиот биди оган.“
Тeлeсниoт чoвeк сe управува спoрeд звукoт, а духoвниoт спoрeд смислата. За тeлeсниoт чoвeк насeкадe има прoтиврeчнoст, бидeјќи тoј сe плаши oд прeпрeки, бeга и oд сeнката, акo таа му сe причини какo прeпрeка. Духoвниoт чoвeк e какo витeз кoј сака да сoвладува прeпрeки. Зад духoвниoт чoвeк вo oвиe збoрoви сe криe цeлата наука за спасeниeтo. Кoга сум слаб, тoгаш сум силeн, т.e. кoга сум свeсeн за свoјата ништoжнoст и за сeмoќта Бoжја, тoгаш сум силeн.
Времето минуваше и послушанието на помладиот брат стана познато во целата покраина. Така, неговата слава стигна и до длабочината на пустината, таму каде што се подвизуваше постариот брат. Кога пустиножителот го чу тоа, не поверува и сакаше и сам да го испроба послушанието на својот брат. Затоа замина од пустината и стигна во манастирот во кој беше неговиот брат. Го сретна и го замоли да прошетаат наоколу за да поразговараат,
Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето и статистиката. Затоа Тома го добива истиот прекор што претходно го добива Марта, сестрата на Марија: „Марто, Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу работи, но само едно е потребно“ (Лука 10,41-42).
Сeкoј вeрeн чoвeк, ангeлoт гo упатува на сeкoe дoбрo дeлo, дoдeка дeмoнитe навалуваат да ги сoблазнат вeрнитe и да ги лишат oд царствoтo нeбeснo…” Дeка ангeлитe сe близу дo луѓeтo и дeка тиe сe грижат за луѓeтo за тoа свeдoчи цeлoтo Свeтo писмo, а пoсeбнo Нoвиoт завeт. Oсвeн тoа, вo правoславната црква пoстoјат бeзбрoјни прeдавања на свeти мажи и жeни кoи свeдoчат за тoа, штo гo пoтврдува и св. Анастасиј.
Да знаете дека верниците не доаѓаат во манастирите поради нас, туку поради својата чиста вера дека во манастирите има повеќе вера и дека животот на монасите е повеќе побожен. Јас така мислам: дека Бог не ги држи манастирите поради нас монасите, бидејки сме грешни, туку ги држи поради верата на христољубивите верници.
Против невидливиот непријател се подига невидливиот Бог, против силниот - Сесилниот. Затоа, секој момент обраќај се кон Христос и постојано мисли на Него; и ќе се спасиш и себеси и другите. Без Неговата благодатна помош ти не можеш да победиш ни една единствена страст, ни еден порок. Повикувај Го постојано. Тој дојде во светот за да нè засили во Светиот Дух, за да нè очисти и ослободи.
“Јас во светот дојдов како светлина“ - рече Господ за Себе.
Таа Светлина стоеше пред Јудејците,
облечена во тело;
пред нас Она стои облечена во Евангелието.“
Затоа, откако со своето неверие ни ја утврди верата на сите, нѐ научи да говориме: Ти си најславениот Господ, Боже на отците, и наш, благословен си.Откако Тома со страв ја стави раката во Твоите живоносни ребра, Христе, го почувствува двојното дејство на двете природи, во Тебе соединети неслиено, и со вера викаше говорејќи:
Не заборавај дека овде на земјава нема спокој. Не велиː јас веќе остарев во добродетелите, и не се плашамː треба да знаеме, дека стравот од изменувањето и паѓањето никогаш не треба да нѐ напушти, зашто многумина што остареле во добродетелите сатаната ги турка во бездната на гревот само за еден миг, па затоа, „кој мисли дека стои, нека гледа да не падне‘ (1. Кор. 10, 12),
На 3ти мај 2019 година, во оваа Светла Седмица,на празникот на Источен Петок- Балаклија, старешината на храмот отец Трајче Петковски во сослужение на ереј Игор Димитриевски и ѓаконотите Методиј Митановски и Михаил Манојлов, отслужи Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје.На светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на Литургија отецот произнесе празнична беседа за празникот на Пресвета Богородица.По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица.
Во оваа Светла седмица торжествено го прославуваме празникот над празниците и торжеството над торжествата, односно светлото Христово воскресение. Овој, пак, петок е посебно посветен на Живоносниот извор на Пресветата Мајка Богородица. Овој празник потекнува уште од раната Црква Христова, а е поврзан со едно јавување на Пресвета Богородица на идниот византиски император Лав во V век. Во Синаксарот од Цветниот триод се вели дека овој благороден човек се движел надвор од Цариград, во местото викано Балаклија,
Тоа е оној кој успеал да ја пронајде горчината сокриена во сладоста на светот и кој ја затворил својата уста за да не пие од таа чаша. Тоа е оној кој секогаш се занимава со спасението на својата душа и не го напушта тој пат сѐ додека не се ослободи од овој свет.Тоа е оној кој ја затвора вратата на своите сетила..